“Незаконските дејствија и незаконските разрешувања на директорите на училиштата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар утврдени од страна на Просветниот инспекторат и Второстепената комисија не можат да бидат покриени“, реагираше министерот за образование и наука на својот Арбер Адеми, на својот Фејсбук профил на одлуката на Управен суд Скопје, во корист на Општина Гостивар против Решението на МОН за одземање на ингеренциите за именување и разрешување директори на општински средни и основни училишта.
„Пресудата на Управниот суд во ниту еден момент не вели дека градоначалникот на општина Гостивар постапил законски. Судот ја уважил тужбата со образложение дека недостасувале дел од списите, односно сите списи не биле доставени, а некои биле нечитливи за судот (иако сите списи биле уредно доставени), па затоа не можел да ја утврди основата на решението за одземање на надлежностите. Врз основа на оваа пресуда, МОН може повторно да донесе исто решение или да поднесе жалба до Вишиот управен суд. Ние се решивме за втората опција и во понеделник е поднесено жалба со сите списи на предметот, а секако правдата треба да дојде на свое место.
На г-дин Таравари и сите други им е тешко да се обидат да го политизираат и партизираат образованието и да именуваат директори дури и без факултет, како што именуваше пред да му се одземат надлежностите, заради новиот Закон за основно образование и поради постојаните напори да се даде приоритет на професионализмот“, реагира Адеми.
Што се однесува до градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, одлуката на управен суд значи дека правдата иако доцни, сепак, не заборава.
Сепак, дополнително, Таравари одговори на оваа реакција на Адеми, исто така, на својот Фејсбук профил, велејќи дека министерот за “ингеренции” и “докторорот за правни науки”, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар.
„Почитуван “доценте”, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!
Правдата излезе на виделина!“, одговара Таравари.
Б. Јордановска












