Управниот суд Скопје, ја уважи тужбата на Општина Гостивар против решението на Министерството за образование и наука кое во февруари годинава ги одзеде ингеренциите од градоначалникот Арбен Тараври, како застапник на општината, да одлучува за именување и разрешување директори на општински средни и основни училишта.
„Она што постојано го повторувавме, добро го знаеја и повеќето граѓани на општина Гостивар и пошироко, се потврди и од Управниот суд на РСМ.
Поточно, овој Суд ја уважи тужбата на Општина Гостивар против Министерството за образование и наука за незаконско одземање на надлежностите на градоначалникот на Гостивар во областа на образованието во делот за именување и разрешување на директорите на општинските основни и средни училишта. (како што можете да видите и во документот )
Значи, сега секој ученик, родител, граѓанин, вклучително и партиските војници на ДУИ, сфаќаат дека оние кои го зедоа на шија образувањето и воспитувањето на младите генерации во нашата општина, имаат име, презиме и адреса“, изјави Таравари за ЦИВИЛ Медиа.
Имено во одлуката на Управен суд стои дека спорното решение на МОН се поништува, а со тоа се уважува тужбата на Општината, во која е наведено дека при донесување на Решението МОН не извршил целосно утврдување на фактичката состојба.
„Тужениот орган (МОН) до Судот достави дел од списите на предметот и во одговор на тужбата наведе дека тужбата на тужителот е неоснована, односно неосновани се наводите дека при донесувањето на оспореното Решение од страна на тужениот орган погрешно било применето материјалното право, погрешно и нецелосно била утврдена фактичката состојба која му претходела на актот и во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката… “, се вели во образложението на одлуката на Управен суд, за одговорот на МОН по добиената тужба од Општина Гостивар.
По одземените ингеренции на Општината, во период кога Гостивар беше во жалост по трагичната сообраќајка кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, бурно реагираше градоначалникот Таравари обвинувајќи ја Владата.
„Морам да истакнам дека од страна на нашата општина, и покрај лошите услови нема никаква повреда која води кон ваква флагрантна одлука… Се срамам што сите амбасадори кои постојано комуницираат со мене за трагедијата што не снајде, ќе мора да ги информирам за оваа аматерска, смешна, неморална, непријателска и дискриминаторска одлука! Барам лично внимание од премиерот на државава за овој случај, бидејќи не сакам да верувам дека е точно информиран што се случува“, Барам лично внимание од премиерот на државава за овој случај, бидејќи не сакам да верувам дека е точно информиран што се случува!“, напиша тогаш Таравари на својот Фејсбук профил. За овие постапки на МОН, Таравари говореше и во неодамнешното интервју за ЦИВИЛ Медиа.
МОН тогаш се бранеше со инспекторатот кој излегол на терен и констатирал неправилности, па морал да преземе неопходни мерки за одземање на ингеренциите.
„МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар. за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар. Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието“, се огради МОН.
Одлука на Управен суд Скопје, како што вели градоначалникот Таравари, значи дека: „Правдата можеби доцни, но не заборава“.
Биљана Јордановска
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.