Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово денеска ќе одржи седница, на која, во пресрет на најавените вонредни парламентарни избори, ќе ги разгледа барањата за регистрација на три нови политички субјекти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти ЦИК, трите нови политички иницијативи кои побарале регистрација се: Партијата на балистите, Евроатлантската партија на Косово и Партијата на дијаспората.
Евроатлантската партија на Косово ја формирише досегашниот пратеник на Социјалдемократската иницијатива (Нисма), новинарот Миљаим Зека, додека за тоа кои се основачи на двете други партии се уште нема никаква информација.
Косовските прламентарни партии во понеделникот се договорија на 22 овој месец да се одржи седница за самораспуштање на Собранието, по што, во рок од 30 до 45 дена, треба да се одржат вонредни избори, како последица на оставката што минатиот месец ја поднесе премиерот Рамуш Харадинај.