• Latest

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025 15:39
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 19 октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот со закажани четири термини за прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани. Во текот на целиот ден ќе се објавуваат извештаи од теренот, како и едукативни и други видео содржини што произлегуваат од „Демократски навигатор“, проект кој претставува стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, со фокус на изборниот процес 2025.

Прес конференциите ќе се емитуваат во живо на Фејсбук страната и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а редовни извештаи ќе се објавуваат и на веб страниците ЦИВИЛ Медиа на македонски и Дрејт на албански, додека меѓународната јавност ќе биде информирана преку веб страницата CIVIL Today на англиски. Видео обраќањата ќе бидат на македонски и албански.

Онлајн прес конференции ќе се одржат во 11:00, 14:00 и 17:00 часот. По затворањето на избирачките места, извештај и првична оценка на изборниот ден ќе има во 21:00 часот. Во меѓувреме, на медиумската платформа на ЦИВИЛ цело време ќе се објавуваат извештаи на македонски, албански и англиски јазик.

ЦИВИЛ ќе биде отворен за сите информации што доаѓаат и од други засегнати страни – невладини организации, мониторинг мисии, граѓанки и граѓани. Освен извештаите од теренот што ќе ги доставуваат набљудувачите на ЦИВИЛ, тимот на организацијата ќе биде отворен за информации и од надворешни извори, откако информациите ќе бидат подложени на стандардна проверка и верификација.

Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат содржините на ЦИВИЛ со молба да се наведе изворот. ЦИВИЛ ќе отвори и Зум линк за видео комуникација со медиумите од 14 до 21 часот, за специјални изјави и интервјуа во периодите меѓу редовните и вонредните извештаи за јавноста.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ