• Latest

„Неутралците“ и алгоритамот на моќта

August 9, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

„Неутралците“ и алгоритамот на моќта

Пасивноста на еден е успешна акција на друг. Самоизолацијата и незаинтересираноста се, всушност, освоена територија на која се градат вредностите на едно грдо и мрачно општество во кое владее страв и потчинетост.

August 9, 2019 07:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Секој од нас е важен“ не се празни зборови, инаку не би се (зло)употребувале на секој чекор. Ако не се сфати и прифати ова, тогаш пасивноста и заблудите се додаваат на победничкото конто на уништувачите на демократијата.

Едноставно, во денешниот свет нема место за неутрални и неопределени. Секој човек на оваа планета што остава некаква електронска трага зад себе, па нека е и од платежна картичка на која легнува пензијата или социјалната помош, нека е тоа и матичен број, патна исправа или умреница – има употребна вредност во денешниот свет. И мртвите се употребливи!

Нема да бидам Магелан, ако „откријам“ дека, на најразлични начини, секој од нас е мета на софистицираните маркетинг војни што се одвиваат во виртуелниот и реалниот свет. Политиката и бизнисот отсекогаш биле во единство, нема дилеми. Ова не е обид за утврдување на разликата меѓу општествените, правните и политичките концепти на Истокот и Западот. Се работи за неопходниот избор, да се биде свесен и активен или да се биде „блажен“, што значи да се биде во заблуда. За жал, во балкански контекст, резултатот често е ист, со таа разлика што свесните се често и најнесреќните. Но, ни тоа не е никаква новост. Може многу да се напише и во посебно четиво за тоа дека, на крајот, резултатот е ист: профитот завршува кај најголемите и најмоќните. Суштината е во тоа, колку ќе успееме да се избориме за малите парченца слобода на небото покриено со видливи и невидливи (бодликави) жици.

Пасивноста на еден е успешна акција на друг. Самоизолацијата и незаинтересираноста се, всушност, освоена територија на која се градат вредностите на едно грдо и мрачно општество во кое владее страв и потчинетост. А постојано зборуваме за потребата од граѓанско учество што е, велат, една од основните одлики на демократијата. Како да го објасниме граѓанското учество, а тоа да не биде како во здодевен учебник, туку да биде од животот што го живееме вистински? Тоа ви е слично како кога во партиите ве повикуваат да им носите предлози за ова, идеи за она, да „истрчате“ во корист на партиската агенда, само регулирано со закон и не во корист на партиите, туку во корист на општеството. Партиите корумпираат на штета на демократијата, а граѓанското учество е одбрана од корупцијата во корист на демократијата.

За разлика од партиите, институциите имаат обврска да постапат во интерес на сите граѓанки и граѓани, особено кога тие директно се вклучуваат во процесите. Кога институциите користат дупка во законот во корист на моќниците, може да се побараат измени за да се спречат злоупотребите. И сето тоа може да биде бавно, исполнето со безбројни препреки и интриги, блокади и корупција, бескрајни процедури намерно поставени за да се откажете. Но упорните, на крајот, победуваат. Го знае ли ова некој, верува ли? Уште поважно прашање, верува ли воопшто некој во демократија? Остана ли таков? Ако одговорот на овие прашања е негативен, тогаш е време само уште да го угасиме светлото и да си купиме по еден ковчег, од поевтините.

Се согласувам, невладините организации (фолиранти) со децении верглаат за граѓанско општество и партиципативна демократија, но изгледа како да си зборуваат во носот. Деновиве треба да започнеме една посебна, долга и мачна приказна, за (не)довербата, како во партиите, така и во ен-ве-оата, за затвореноста, ароганцијата (самобендисаноста) и корупцијата… Како и да е, граѓанското учество во општествените процеси и во донесувањето на одлуки најчесто почнува и завршува зад пултот за гласање. Во меѓувреме, агитпроп машинериите и маркетинг агенциите го навигираат животот и ги цицаат умовите и џебовите на „обичните смртници“. А му го мелат умот и како на гласач, терајќи го да мисли дека сам одлучува во таа една прилика кога учествува во некаков процес.

„Обичните смртници“ најчесто избираат да живеат во духот на заостаната провинција, да чекаат некакво решение, ни сами не знаат какво, од некаде одозгора, нешто како господ или велесила. Можеби многумина знаат што е потребно за ова општество да стане нормално, но полесно им е препуштањето на удобноста што ја пружаат замаеноста и лудилото.

И, откако ќе утврдиме дека нема господ или нема намера да помогне, ги молиме странците да одат по кратките патеки по кои дома сигурно не би оделе. На крајот, им ја препуштиме судбината на грабливци и тапоглавци во политиката, во чиј ентураж се патолошки случаи што дивеат по интернет порталите и социјалните мрежи. Така, грабливците ќе уживаат во својата моќ, дури и кога се во опозиција, сѐ додека сите останати уживаат во својата самонаметната беспомошност.

Алгоритамот на моќта ги вклучува сите, и мртвите и живите, за него тоа е сеедно, исто како што му е сеедно дали луѓето се пасивни и не прават ништо или се палат како млади мајмуни на манипулациите и лагите на агитпроп машинериите.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Алгоритамот на моќта

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ