• Latest

8 август: Видео снимка од двајца обвинети за „Рекет“, Снимката не е излезена од Обвинителството, Цивил продолжува со жешки активности…

August 8, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

8 август: Видео снимка од двајца обвинети за „Рекет“, Снимката не е излезена од Обвинителството, Цивил продолжува со жешки активности…

August 8, 2019 16:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот портал „Ла Верита“ објави видео снимка од двајца обвинети за „Рекет“

Објавена е прва видео и аудио снимка каде двајца обвинети од скандалот “Рекет” се гледаат како ги земаат парите од осомничениот во случајот „Империја“, Јордан Камчев, и излегуваат од неговиот дом. На снимката објавена од италијанската “Ла Верита” се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец излегуваат со торба полна со пари од куќата на бизнисменот Камчев.

На крајот е објавен  и еден аудио разговор во кој Јовановски се слуша како му ветува на Камчев дека “во понеделник, или најдоцна  во вторник ќе биде ослободен”.

Јовески: Снимката не е излезена од Обвинителството

Видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со предметот „Рекет“ не е излезена од Обвинителството, тврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

– Снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство, изјави Јовески.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот„Рекет“,  не прецизираат дали снимката им е позната и дали ја имаат како доказен материјал.

Деполитизација на Бирото за јавна безбедност во интерес на граѓаните

Деполитизација, целосно исклучување на можноста за политичко влијание, континуирани реформи во насока на целосна професионалност, владеење на правото и етичко однесување се насоките во кои треба да се движи работата во Бирото за јавна безбедност (БЈБ), за да ја оствари основната функција – заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, спречување на вршење кривични дела, прекршоци, одржување на јавниот ред и мир, контрола и движење на престој на странци, гранични проверки и надзор.

Флеш вести

Проблемот со паркингот на Клинички ќе се решава со монтажни гаражи преку јавно-приватно партнерство.

Воведена е делумна забрана за движење во шума со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор заради високите температури што се најавуваат во летниот период.

Забраната почнува да важи од денеска, од 6:00 до 20:00 часот и ќе трае се до нејзиното отповикување. Забраната важи во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.

Советот на Општина Охрид денеска на седница ја усвои предлог-одлуката за мораториум на градење и донесување урбанистички планови, како и легализација на објекти до донесување на Планот за управување со светскиот природно и културно наследство на Охридскиот регион, или најдоцна до 1 февруари идната година.

ЦИВИЛ активности

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира семинар на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“,на Велешко Езеро, на темите„Институциите, медиумите и граѓанскиот сектор заедно во борба против корупцијата“ и „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. Билјана Ивановска, ДКСК, Бранимир Јовановиќ, Институт за општествени и хуманистички науки, до скоро, советник на екс-министерот за финансии, Тевдовски, Аце Коцевски, Градоначалник на Велес и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ, се дел од агендата на претстојниот семинар на ЦИВИЛ. Организацијата нуди ексклузивна можност за ограничен број посетители да присуствуваат на презентации и излагања на извонредно жешки теми, на семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ