• Latest

9 август: Нови снимки за „Рекет“, Јанева се правда, Стефанова демантира…

August 9, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

9 август: Нови снимки за „Рекет“, Јанева се правда, Стефанова демантира…

August 9, 2019 17:11
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува објавувањето видео снимки поврзани со случајот „Рекет“

Италијанскиот весник „Ла Верита“, на својот портал и на Фејсбук страница, утрово објави втор аудио материјал каде се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Во недостиг од посериозни докази и изјави од релевантни личности и институции, јавноста се скандализира со овие и ваквите „докази“ во оваа афера.

Во последниот разговор од аудио снимката се слуша женски глас кој вели дека да не се секира Камчев, дека сè ќе биде ок. Весникот тврди дека тоа е гласот на Катица Јанева.

Јанева: Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име.

Специјалната јавна обвинителка како реакција на објавените снимки од италјанскиот весник „Ла Верита“ и реакциите што произлегоа во јавноста, денеска се јави со соопштение до јавноста.

„Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот „Рекет“. Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“. Како Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно“, се вели во соопштението.

Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите „Империја“ и „Поштенска банка“ и осомничените да не одат во затвор

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова денес се обрати со соопштение по спомнувањето на нејзиното име во снимките на „Ла Верита“.

„Како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број на шпекулации, сметам дека неопходно е во јавноста да изнесам одредени информации, токму во насока на спречување на таквите шпекулации“.

„ Одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести. За оваа одлука дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на потпис писмено изготвеното мислење“, се вели во соопштението на Стефанова.

Флеш вести

Заев: Позитивни трендови во размената со Грција по потпишувањето на Договорот

Премиерот на РСМ, Зоран Заев, повика на лидерска средба

„Како резултат на потпишувањето на Договорот со Грција, трговската размена во 2018 година се зголеми за 15,8 отсто, а извозот порасна за 5,8 отсто. Во периодот јануари-мај 2019 меѓусебната трговска размена продолжи со позитивен тренд од 4,7 отсто, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат сослушани

Според Јавниот обвинител Љубомир Јовески,  сите инволвирани лица во конкретниот случај „Рекет”, ќе бидат сослушани и испитани во истражната постапка.

ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ МЕДИА

ЦИВИЛ Медиа како отворена платформа за сите што сакаат да ја изразат својата слободна мисла, неделава доби и нов колумнист, екс Министерот за здравство и градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, кој во својата колумна „Експертска влада – од Хобити и Хулигани до Вулкани“ се осврнува на (не) способните владеачи и политичари, а во колумната „ Шахот и политиката“ дава свој поглед на компромисите како алатка  што ги следи владите, како во светот, така и кај нас.

Како редовен коментатор на ЦИВИЛ Медиа, и оваа недела имавте можност да прочитате поенти од господинот Џевдет Хајредини, во кои посочува за ветингот, охридскиот договор, партиските војници, правната држава.

Џабир Дерала во своите Рафали посочува за важноста на поединецот во борбата против пропагандата и хибридната војна, како супер добредојдена единица во алгоритамот на моќта, како и дека пасивноста и заблудите се додаваат на победничкото конто на уништувачите на демократијата.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ