• Latest

Протест „1 од 5 милиони“-Туркања на демонстрантите и обезбедувањето пред Предсетателството на Вучиќ

August 12, 2019
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протест „1 од 5 милиони“-Туркања на демонстрантите и обезбедувањето пред Предсетателството на Вучиќ

August 12, 2019 09:56
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерта во сабота во Белград се одржа 36-ти по ред протест на граѓаните „1 од 5 милини“, на кој на крајот на протестот, пред Претседателството кое е официјално седиште на Александар Вучиќ дојде до инцидент, кога тричлана делегација се обиде да ја тргне оградата пред објектот за да го остави списокот на барања на демонстрантите.

Како што јави дописникот на МИА, притоа дојде до туркање на демонстрантите со многубројното обезбедување во цивилна облека, која го спречи тргањето на оградата, а еден од организаторите на протестот заврши во Ургентниот центар.

Еден од организаторите на протестите, Срѓан Марковиќ, рече дека со обезбедувањето бил постигнат договор да се овозможи на протестната делегација да го остави списокот со барања за фер избори. Меѓутоа, откако беа спречени, демонстрантите се обидоа да ја отстранат оградата околу зградата на Претседателството.

Во исто време, дојде до реакција на бројно цивилно обезбедување по што дојде до меѓусебно туркање.

Марковиќ успеа да прескокне преку оградата и со список на барања во рацете се обиде да дотрча до влезот во зградата, но неколку членови на обезбедувањето го фатија и со употреба на физичка сила го вратија од другата страна на оградата.

На протестната делегација набрзо потоа и беше дозволено да стигнат до зградата на Претседателството и да го остават список со барањата, документ во кој се содржани 42-те точки на Експертскиот протест тим на протестите „1 на 5 милиони“, кои претставуваат црвена линија без чија имплементација до 1 септември, нема да има избори.

Сојузот за Србија (СзС) денеска остро го осуди овој инцидент и побара итно идентификување на лицата што ги нападнаа демонстрантите на протестот „1 на 5 милиони“, кои, според претходниот договор со полицијата сакаа пред зградата на Претседателството да остават препораки и заклучоци на стручниот тим на протестите.

-Ако станува збор за полицајци во цивилно, тие знаат дека тупаниците не се законско пропишано средство за одбрана на просториите околу зградата на Претседателството. Тупаници користат криминалци и хулигани, што на овој начин станаа луѓето кои се пресметаа со демонстрантите , се вели во соопштението на СзС.

Ако станува збор за припадници на српските вооружени сили кои го обезбедуваат претседателот, тогаш целиот настан преставува прв настап на армијата на улица по 9 март 1991 година.

-Прашањето е колку сме далеку од сценариото на (Слободан) Милошевиќ за изведување на тенкови врз граѓаните кои ја демонстрираат борбата за слобода и демократија. Јавноста има право да биде информирана кои се лицата што ги претепаа демонстрантите и протв нив да се покренат законски мерки, потенцираат во СзС.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ