• Latest

12 август: Пендаровски разочаран, Јанева на работа во СЈО, ДКСК со нови предмети, семинар на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност

August 12, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

12 август: Пендаровски разочаран, Јанева на работа во СЈО, ДКСК со нови предмети, семинар на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ, 12 август 2019

August 12, 2019 16:42
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пендаровски: Разочаран сум од луѓето од кои очекувавме правна држава

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод последните случувања поврзани со случајот „Рекет“, на денешната прес конференција, изјави дека уште на самите почетоци на аферата „Рекет” бил разочаран од тоа што го слушнал и повика на брза и темелна истрага.

„Наместо тоа, надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за редовна состојба и за рутински предмет, а, не е така. Аудио и видео снимките кои се споделуваат на медиумите изминативе денови предизвикуваат длабоко разочарување кај сите граѓани, а особено кај оние кои со години и по цена на постојани притисоци и закани од поранешната власт протестираа секојдневно барајќи правда. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан. И јас, како граѓанин, како човек, не само како претседател, сум разочаран затоа што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекуваме да се борат за правна држава“, изјави Пендаровски.

На новинарско прашање, каков е неговиот став за Катица Јанева сега, со оглед дека ја поддржуваше, подеднакво како и Специјалното јавно обвинителство, Пендаровски одговори дека уште верува во СЈО, но како човек е разочаран од Катица Јанева.

Катица Јанева се врати на работа, а обвинителката Вилма Рускоска во средa се враќа од одмор, прва на распит токму Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по еднонеделниот одмор се врати на работното место, потврдуваат од СЈО за медиумите.

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вo среда се враќа од одмор на работа. Од обвинителството велат дека сите инволвирани во случајот „Рекет“ ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но не откриваат кога тоа точно ќе се случи.

ДКСК покренува постапка за раскинувањето на договорот меѓу ФЗО и болницата „Жан Митрев“

Државната комисија за корупција отвори предмет по сопствена иницијатива откако Владимир Чадиковски, единствениот лиценциран детски кардиохирург, даде отказ од болницата „Жан Митрев“. ДКСК ќе испитува кои биле причините за раскинување на договорот меѓу Фондот за здравство и болницата „Жан Митрев“. Една од причините за разгледување на договорот се информациите што излегоа во медиумите дека докторот Жан Митрев немал лиценца за детска кардиохирургија.

Флеш вести:

Народниот правобранител апелира до Владата да го реши прашањето со депониите, особено до Министерството за животна средина и просторно планирање како реакција на полседните случувања со опожарувањето на сметот во регионалната депонија Русино крај Гостивар, како и во депонијата Буково крај Охрид.

„Еко системот во никој случај на смее да се гледа како изолиран, туку напротив тој е интегриран, па оттука загадувањето ќе влијае врз сите,“ се вели во соопштението на омбудсманот Иџет Мемети.

Околу 621 илјада парчиња оружје поседуваат граѓаните на Република Северна Македонија, односно 29.79 парчиња по глава од жител. Од нив, само 169.687 се регистрирани, а 451.313 нерегистрирани, покажуваат податоците од истражувањето на организацијата „Small Arms Survey“ (SAS).

Со овие бројки нашата држава се наоѓа на осмото место во Европа, а е 13-та во светот по поседување огнено оружје по глава на жител. На прво и второ место во Европа се две земји од нашиот регион Црна Гора и Србија.

Денеска е Меѓународниот ден на младите, 12 август, кој со резолуцијата 54/120 на Обединетите нации во 2000 година е усвоен со цел постојано да се унапредува положбата на младите во општеството.

Целта е вклучување на младите во општеството како клучен фактор за градење и одржување на мирот и безбедноста, но и нивно активно учество во политичките, економските и социјалните процеси.

ЦИВИЛни активности

Агендата на Семинарот за стратешко планирање, едукација и градење партнерства: „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ на ЦИВИЛ веќе предизвикува големо внимание. Семинарот ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро. Бројот на учесници за отворените сесии е ограничен, па затоа, потребно е да се пополни онлајн пријава за учество.

Специјални гости на семинарот се првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Драган Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тие ќе говорат во сесии што се отворени за јавноста.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ