• Latest

Министерство за животна средина: Средувањето на проблемот со депониите е комплексен и бара посветеност од сите чинители

August 14, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Министерство за животна средина: Средувањето на проблемот со депониите е комплексен и бара посветеност од сите чинители

August 14, 2019 11:19
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Еден од врвните приоритети на Министерството за животна средина и Владата на Република Северна Македонија, во соработка со локаната самоуправа е воспоставувањето на интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад за секој од регионите. Но, спроведувањето на процесот одзема многу време бидејќи е многу комплексен и бара голема посветеност од сите чинители“, велат од Министерството за животна средина во врска со апелот на Народниот правобранител одговорните што побрзо да го решат проблемот со депониите.

„Обврската за управување со комуналниот отпад, вклучувајќи го и управувањето со регионалните депонии е обврска на единиците на локалната самоуправа. Истите, соочувајќи се со  ниски капацитети (и технички, и финансиски) за самостојно да го воспостават наведениот систем, и бидејќи општините во сите региони на државата не ги исполнија обврските кои произлегуваат од Законот за управување со отпад, односно бидејќи општините по соодветните региони не се организираа во законскиот рок  да основаат депонии за комунален отпад во согласност со законот, Владата на Република Севрна Македонија донесе одлука за преземање на обврската од општините во одделни плански регион и започна да го спроведува процесот за основање на регионални депонии во согласност со Планот на Република Северна Македонија за управување со отпад“, велат од Министерствоти за животна средина.

Тие информираат дека ресорното министерство, со средства од Европската Унија во изминатиот период подготвило проектна и тендерска документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад за шест региони и тоа Источен и Североисточен, Скопски, Вардарски, Пелагонија и Југозападен регион.

„За Источниот и Североисточниот регион веќе се обезбедени средствата во висина од приближно 43 милиони евра и интензивно се работеше со сите 18 општини кои треба да го формираат заедничкото јавно меѓурегионално претпријатие за управување со отпад, кое ќе стопанисува со идната регионална депонија. Во рамки на овој процес, планирано е и затварање на нестандардните депонии/диви депонии и  набавка на опрема за собирање и транспорт на отпадот за овие два региони“, информираат од Министерството за животна средина, и додаваат дека следната година овие два региона ќе ги затворат сите диви депонии.

Во однос на Полошкиот регион, Министерсвото информира дека потпишан е билатерален договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Швајцарија во висина од приближно девет милиони швајцарски франци, врз основа на кој почна со изведба шест годишен проект кој има за цел изработка на потребната планска документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, рехабилитација на регионалната нестандардна депонија Русино, како и зајакнување на техничките капацитети на општините од овој регион.

„Се согласуваме со констатацијата дека правото на граѓаните за здрава животна средина и заштита на здравјето претставува една од основните загарантирани уставни права. Во таа насока, по однос управувањето со отпад, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање со здружени сили им помагаат на општините да ја надминат состојбата со несоодветното управување со отпадот. Потребно е време и голема посветеност на сите чинители  за да се реализираат зацртаните планови и проекти, и Ве уверуваме дека сите со заеднички напори ќе продолжиме да работиме на подобрување на состојбата со животна средина“, стои во соопштението.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ