„Меѓу најпоразителните факти што деновиве се предочени во јавноста (Шангајска листа) е падот на македонските универзитети од редот на првите 400 во светот на пониско од 1600-то место а најмногу на дното на 3.600 и подолу. Пропаднати реформи, тотален дебакл. Има некој за оставка?“, напиша професорката Катица Ќулавкова на Твитер.
Реакцијата на професорката е по објавувањето на официјалната Шангајска листа, каде и годинава македонските универзитети не се најдоа меѓу првите 1000 во светот, напротив, според ова рангирање, квалитетот на универзитетите во Македонија опаѓа секоја година.
Но има нешто што сепак не е така како што го опишува професорката Ќулавкова.
„Рангирањето на Шангајската листа започнало во 2003 година. До денес никогаш наш универзитет не бил во првите 400. Никогаш! Чему дезинформацијава?“, реплицира еден твитерџија на твитот на Ќулавкова.
Дека сме на дното е очигледно, но нема потреба да се лажеме…
М. И.