• Latest

Невозможна мисија

August 23, 2019

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Невозможна мисија

Со тенко мнозинство обезбедено со вртоглави политички акробации, со недавање на мандатот со месеци, со терористички напад и обиди за убиство среде Собранието и со огромни политички компромиси, Заев состави и води влада што е повеќе налик на лавиринтот на Минотаур, отколку на хармоничен апарат на извршната власт во земјата.

August 23, 2019 13:39
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Со еден познат новинар и уредник, пред сѐ, прекрасен човек и другарчиште, синоќа ги дискутиравме настаните и процесите во оваа измачена земјичка. Во еден момент, дојдовме до една констатација што сакам да ја споделам овде, свесен за реакцијата на троловите и на оние што имаат ефект сличен на нивниот.

Зоран Заев е премиер со најтежок, најкомплициран и најделикатен мандат во тридецениската македонска (транзициска) историја.

Тој воедно е на чело на најкомплексната влада што е составена досега. На ист начин може да се опише и сегашниот парламентарен состав. ВМРО-ДПМНЕ и директно и индиректно партиципира во владиниот состав, почнувајќи од најголемиот коалициски партнер, без кој немаше шанси да формира влада, завршувајќи со министри, заменици, советници, директори и други носители на важни одлуки што се од „вмровска провиниенција“. И простото и двотретинското мнозинство во парламентот му се такви.

Од друга страна, да ги погледнеме прашањата што ги реши до сега и оние што допрва се пред Заев да ги решава. Со сите тие „канта карти“ поделени во оваа тешка партија политички покер, тој успева да однесе победа на масата на која седат префригани и погани играчи. Се фати во костец со прашања што сите претходни влади и премиери во изминатите 30 години не ги решија поради мрза, незнаење или страв. И претходните премиери ја имаа истата, ако не и поголема, поддршка, а секако имаа и поповолна меѓународна политичка клима. Но, не ги решија проблемите, ни надворешните, ни внатрешните.

За разлика од нив, човеков се соочи и се справи со децениските проблеми и тоа, барем навидум, со леснотија. Во потешки меѓународни услови, со неспоредливо полоша политичка констелација и распоред на силите дома, тој со полни едра ги преплови немирните води и ниеднаш не се насука на острите карпести шилци што се расеани наоколу.

Во 90-те години, Бранко Црвенковски имаше апсолутно мнозинство во парламентот, особено откако Љубчо Георгиевски направи грешка и ги бојкотираше парламентарните избори во 1994 година. И Љубчо Георгиевски, сосе косовската криза и оружениот конфликт во својот мандат, што ни оддалеку не е за потценување, имаше поповолен распоред на политичките сили внатре, во земјата. Владата на СДСМ-ДУИ (Guns and Roses коалицијата) во 2002-2006 година, во која ноншалантно се изредија тројца премиери, имаше големи предизвици, но и поволна клима и поддршка, па не ги решија децениските проблеми на земјата. За владата на Груевски нема потреба да се коментира во овој контекст.

Со тенко мнозинство обезбедено со вртоглави политички акробации, со недавање на мандатот со месеци, со терористички напад и обиди за убиство среде Собранието и со огромни политички компромиси, Заев состави и води влада што е повеќе налик на лавиринтот на Минотаур, отколку на хармоничен апарат на извршната власт во земјата.

Со сето тоа на грб и со далеку покомплицирани меѓународни односи од кога и да е порано, Заев ја поведе владата во навидум невозможни мисии… Решавање на спорот со Грција (на прво место!), надминување на нерешените прашања со Бугарија, подобрување на односите со сите земји во регионот, подобрување на меѓуетничките односи, НАТО, приближување до ЕУ… Меѓународниот углед на земјата е подобар од кога и да е порано… Од длабоко поделена земја со потенцијал за етничка експлозија, тој тргна во изградба на едно општество за сите, макар и со Командант Вентили на чело на новиот ресор…

И сето тоа со насмевка!

Насмевка што му исчезна кога на македонската држава и нему најмногу им треба поддршка за реформи и за борба против криминалот!

Нормално е на човек да му замрзне насмевката. Оваа и ваква влада, што е огледало на распоредот на силите во парламентот (изборни резултати), нема многу изгледи во оваа битка, иако решителноста на Заев и тука е очигледна. На грбот на владата на Заев се и неспособноста, корупцијата и клептократските склоности на сите нивоа и во сите структури, отпорни на реформи. И тоа не е крај на набројувањето. Пред владата на Заев, со сите описи од претходните редови, е исправена чудовишната структура на организираниот криминал, поддржан и од центри на моќта надвор од земјата.

Значи, стварно… Невозможна мисија!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share92Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ