• Latest

26 август: Брнабиќ во посета на РСМ, клучна недела за СЈО, Рекет и законот за ЈО…

August 26, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

26 август: Брнабиќ во посета на РСМ, клучна недела за СЈО, Рекет и законот за ЈО…

Српската премиерка Ана Брнабиќ во официјална посета на Северна Македонија, очна средбата на работните групи за Законот за јавно обвинителство, Амбасадорски совет...

August 26, 2019 17:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Српската премиерка Ана Брнабиќ во официјална посета на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска е домаќин на делегација од Република Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ. Посетата на Брнабиќ започна со отворањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево.

Премиерите  на двете држави Зоран Заев и Ана Брнабиќ на свеченоста на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот. Брнабиќ, освен со Заев се сретна и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Почна средбата на работните групи за Законот за јавно обвинителство

Во Собранието попладнево се одржа средбата на работните групи од власта и опозицијата кои требаа да ги усогласат ставовите околу законот за јавно обвинителство со што треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Средбата беше затворена, а на неа присуствуваа министерката за правда Рената Дескоска и Бојан Маричиќ, советник за евроатлантски интеграции на премиерот. На средбата присутни беа  Соња Мираковска од СДСМ, а од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и адвокатот Тони Менковски. На средбата не се постигна напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата иако законот утре влегува во собраниска процедура.

„Рекет“

„Донесувањето на законот за јавно обвинителство и водењето транспарентна, непристрасна истрага за случајот „Рекет“, се двете клучни работи кои многу ќе ни помогнат да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври“, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред почетокот на Амбасадорски совет во МНР.

„Случајот „Рекет“ не е бенчмарк, а нема ниту да биде до октомври, ако државните органи продолжат со овој досега соодветен начин на третирање на случајот“, е ставот на претседателот Стево Пендаровски, кој исто така беше дел од Амбасадорскиот совет во МНР.

„Судството веројатно сфаќа дека можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, но и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и за тоа има целосна поддршка од наша страна“, порача денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар кој учествуваше на форум во Стопанската комора.

Советот за јавни обвинители утре ќе процени дали ќе започне постапка за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор во затворот Скопје за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за надворешни работи денеска и утре го организира годишниот Амбасадорски совет, што оваа година е тематски посветен на европската перспектива на Северна Македонија.

„Безбедност и здравје на работниците на работното место: национални услови и европски перспективи“, е темата на шестата сесија на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК)

ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора ќе потпишат Меморандум за соработка за саморегулацијата на онлајн медиумите во Северна Македонија.

ЦИВИЛНИ АКТВНОСТИ

ЦИВИЛ интензивно продолжува со активностите на терен. Во текот на утрешниот ден тим на ЦИВИЛ ќе ги посети Гратско, Росоман, Кавадарци и Неготино. Целта на овие посети е промоција на проектот „Зелена иднина“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево. На инфо-штандовите граѓан(к)ите на овие четири општини во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ ќе можат да ги споделат своите идеи и размислувања за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот, но и како тие се поврзани и влијаат на општествените промени.

МИСЛА

Правда, сепак, ќе има!

Криминалците успеваат долго да останат на слобода, живеејќи живот каков што само можат да посакаат вистинските бизнисмени од западните земји, кои мораат да работат најмалку по 10 часа дневно за да опстанат во суровиот свет на капитализмот. Овие газди овде можат да прават што сакаат затоа што цела држава им е на располагање, пишува Џабир Дерала.

Биљана Јордановска

Останати автори: Ангела Петровска, Маја Ивановска, Џабир Дерала и Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ