• Latest

28 август: Рудари, празници, градежни работници, скептицизам, лажни наградни игри…

August 28, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

28 август: Рудари, празници, градежни работници, скептицизам, лажни наградни игри…

Ден на рударите, Пендаровски: Нема политичко мешање во истрагата за „Рекет“, Кој ќе ги заштити градежните работници?...

August 28, 2019 15:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Ден на рударите – потсетник за потребата од заштита, безбедност и подобри услови за работа во рудниците

По повод Денот на рударите, 28 август, дел од политичарите присуствуваа на разни свечености и одбележувања на празникот. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вчера беше во Пробиштип, каде потсети на исполнетото ветување на МТСП и Владата за намалување на старосната граница за пензионирање на рударите со измените на Законот за пензиско и инвалитско осигурување. Премиерот Зоран Заев, пак, беше во посета на рудникот „Бучим“, кој одбележува и 40 годишен јубилеј.

ЦИВИЛ Медиа им го честита денот на рударите и им порача на властите да преземат уште подрастични мерки за подобрување на условите во рудниците, но и заштита на нивните работничкит права и безбедност при работата.

Пендаровски: Нема политичко мешање во истрагата за „Рекет“

Моја работа како претседател не е да ја коментирам секоја фаза од случајот „Рекет“, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже некои видливи моменти за кои потоа ќе можеме да дадеме оценка како политичари.

Ова денеска во Македонска Каменица го изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање за неговата позиција во однос на случајот „Рекет“. За Пендаровски е важно што работата околу процедуралниот колосек, како што рече, „тргнала“, а понатаму се останува на истражните органи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители утре ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Јанева во моментов е во притвор за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Поранешниот македонски дипломат и кандидат за претседател на последните избори, Блерим Река е скептичен за отворање преговори со ЕУ во октомври. Според него станува збор за два критериума поврзани со владеењето на правото, случајот „Рекет“ и усвојувањето на Законот за јавно обвинителство од кои зависи и датумот за преговори.

МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни наградни игри на социјалните мрежи и да не оставаат лични податоци. МВР, во рамки на свои надлежности, презема мерки во врска со овие случаи, во соработка со полициски организации од другите држави.

Петмина осомничени за предизвикување на пожарот во околината на Велес

Денеска се одбележува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

ТЕМА

Кој ќе ги заштити градежните работници?

Според извештајот на несреќи при работа на Македонското здружение за заштита при работа, за 2018 година, има 33 смртни случаи, а додека случаи со повредени има 124. Најголема бројка од смртните случаи и повредените се случени во Скопје, во најголем број при градежни работи. Досега во медиумите се забележани најмалку 4 несреќни случаи на градежни објекти, во текот на летото. Како што пишува новинарката на ЦИВИЛ Медиа, Ангела Петровска и покрај забраните за работа при екстремно топло време, нема никаква реакција ниту од Министерството за труд и социјални политики, а нема реакција ниту од синдикатите.

ЦИВИЛни активности

ЦИВИЛ – Центар за слобода, утре со почеток во 11 часот, во Старата скопска чаршија, пред платото на ЈИЕ, ќе го промовира проектот„Зелена иднина“ што го спроведува во соработка со Хајнрик Бел од Сараево.

На инфо-штандот тимот на ЦИВИЛ ќе сподели едукативен и информативен материјал за зелените вредности, социјланата правда и антинационализмот. Во директна комуникација, пак, со граѓанките и граѓаните ќе се слушнат нивните размислувања, ставови и предлози како овие вредности можат и треба заеднички да приоднесат кон подобро општество.

ЦИВИЛ Медиа вчера разговараше со граѓан(к)ите на Неготино за тоа каква иднина ја очекува Македонија во однос на екологијата. Повеќето од граѓан(к)ите од Неготино се согласни со тоа дека Македонија ја чека црна иднина и дека не очекуваат некои поголеми промени.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, во завршниот дел од неговото излагање на семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност“ одговараше на прашања од неговите сограѓани на теми гасовод, партиски вработувања во јавната администрација, екологијата и регулација на сообраќајот.

Биљана Јордановска


Останати автори:  Дехран Муратов, Маја Ивнаовска, Ангела Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ