• Latest

29 август: Расправа за законот за ЈО, разрешувањето на Јанева, Рекет, ветинг, уписи…

August 29, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

29 август: Расправа за законот за ЈО, разрешувањето на Јанева, Рекет, ветинг, уписи…

Напредокот на Предлог-законот за Јавно обвинителство, две деца оставени сами во возило во Ново Лисиче, Советот на ЈО одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева...

August 29, 2019 16:17
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Напредокот на Предлог-законот за Јавно обвинителство

Собраниската Комисија за европски прашања на продолжението на денешната седница усвои десет амандмани поднесени на Предлог-законот за јавно обвинителство. Како што информира претседателот на Комисијата, Артан Груби, претстои усогласување на работните групи за преостанатите 41 амандамани. Комисијата во текот на  денешниот ден ќе продолжи со расправата по амандманите, која може да трае најмногу два работни дена.

Надлежностите на СЈО и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да преминат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, кое ќе продолжи да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Според предложениот законски текст, актуелниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска се предлага да продолжи да ја врши својата функција како јавен обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до завршување на мандатот за кој е избрана. Во преодните и завршни одредби од законот се предвидува да почне да се применува од 15 септември годинава.
Две деца оставени сами во возило во Ново Лисиче
Двете деца (женско дете на возраст од седум години и машко дете на возраст од четири години) кои синоќа беа оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, по што полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и со возило на Итната медицинска помош го однесе во Клиниката за детски болести, се во добра здравствена состојба и веќе се сместени во згрижувачко семејство.  Полицијата врз основа на доказите допрва ќе одлучува за евентуално одземање на родителско право.
Советот на ЈО одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева

Советот на јавни обвинители денеска едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.

Претседателот на Советот на ЈО, Коле Штерјев по седицата изјави дека ќе биде изготвен извештај кој ќе биде доставен до Собранието, кое понатаму треба да ја продолжи постапката за разрешување на Јанева.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Се одржа првиот состанок на Работната група формирана од министерот за внатрешни работи по заклучок на Владата на Република Северна Македонија, која има задача да спроведе анализа на тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерот очекува траспарентен, инклузивен и објективен ветинг.

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 10 септември, откако денешното рочиште се одложи поради ситуацијата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година. Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4273 и за вонредни студенти слободни се 1035 места.

ЦИВИЛни активности

ЦИВИЛ најавува голема септемвриска конференција за изборни реформи. На конференцијата поканети се  сите партии, но и сите други засегнати страни, да учествуваат на оваа Конференција, согласно со форматот предложен и во апликацијата за учество. ЦИВИЛ ќе покани релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница. Учеството е можно само преку пополнување онлајн апликација.

Денеска во Стара скопска чаршија, ЦИВИЛ на инфо-штанд го претстави проектот „Зелена иднина“ кој го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево.

Тимот на ЦИВИЛ Медиа направи интервју на две големи теми: локални политики и практики со акцент на зелените политики, додека во вториот дел се осврнуваме на актуелните политички состојби во земјата со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Во првиот дел од интервјуто Јанчев упати критика до Министерството за екологија од кое очекува во иднина повеќе да се залага за заштита на она што го имаме, а потоа да почнеме да градиме и да го доградиме тоа што треба.

МИСЛА

Улогата на Катица Јанева во аферата „Рекет“

Наместо да биде чувар на правото и правдата, таа стана заштитник на криминалот и корупцијата во државата! Можеби проблем беше тоа што немаше кој да го контролира „стражарот!“ Обвинител(к)ите од СЈО се огласија и почнаа да се оградуваат од нивната шефица и да изнесуваат критики на нејзината работа дури откако таа беше притворена!, пишува денешниот колумнист на ЦИВИЛ Медиа, Коста Стоименовски.

Биљана Јордановска

Останати автори: Дехран Муратов, Ангела Петровска, Коста Стоименовски

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ