• Latest

2 септември: Штајк, несогласувања, нови распити и нови министри

September 2, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

2 септември: Штајк, несогласувања, нови распити и нови министри

СОНК и МОН на иста страна за наставниците, на различна за штрајкот... Адеми: Нема причина за штрајк, во добар дел од училиштата почна школската година... Џафери го достави извештајот за СЈО до Димовски...

September 2, 2019 16:49
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: СОНК и МОН на иста страна за наставниците, на различна за штрајкот

СОНК не се согласува со 5 отсто покачување на платите, кои наставниците ќе ги добијат со платата за септември, и бара да бидат повисоки за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 отсто. СОНК очекува преговори со МОН до крајот на месецов за да се усогласат, а ако нема напредок можно е да организира генерален штрајк.

Ресорниот министер Арбер Адеми, пак, ги повика директорите и наставниците да се подготват за денешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи. На прес-конференција тој порача дека ќе продолжи дијалогот со СОНК за заедно да ги дефинираат сите идни системски мерки за подобар квалитет на наставата и материјалниот статус на наставниците.

 

Заев: Не разочарувајте ги учениците на првиот училишен ден 

Јаким Неделков, СОНК / фото: МИА

Најавата на СОНК  за штрајк беше и во дискусиите на опозициските пратеници на собраниската седница на која викендов беа избрани нови членови на Владата. Тие обвинија за ниски плати во образованието, а премиерот им одговори дека тие се зголемуваат и би биле поголеми доколку владата не морала да враќа долгови. Заев ги повика наставниците да не ги разочаруваат учениците со штрајк на првиот училишен ден  кога ќе ги добијат и новите 5 проценти повисока плата.

Адеми: Нема причина за штрајк, во добар дел од училиштата почна школската година

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска изјави дека не знае во колку училишта се штрајкува, но оти во добар дел новата учебна година почна нормално. Повтори дека нема причина за штрајк и оти Владата работи на подобрување на статусот на наставниците.

Арбер Адеми

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Во Собранието продолжува процедурата за разрешување на Катица Јанева… Лила Филиповска повикана во Обвинителството за „Рекет“… Бизнисменот Мицевски на распит за „Рекет“, ќе си ги бара парите од Боки 13… Новата министерка Ангеловска го презеде управувањето со Министерството за финансии… Џафери го достави извештајот за СЈО до Димовски…

ЦИВИЛни активности

ЦИВИЛ во општините Валадново, Струмица и Штип, утре ќе го промовира проектот „Зелена иднина“, кој огранизацијата го спроведува во соработка со Хајрих Бел, Сараево.

На инфо-штандовите на ЦИВИЛ, граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со целите на проектот, но и да ги споделат своите размислувања, ставови и предлози за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Штанд на ЦИВИЛ, проект: Зелена иднина, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел. фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

MИСЛА

Национализмот како последна идеологија

Иако свесен за сопствените скудни аналитички способности, наспроти оние стручни, длабински и радикално суштински, што курирски, ИНФОМАКС-овски навлегле во срцевината на нештата, при што, логично, подариле верба на алхемијата на зборовите на Мицкоски, скромно го нудам и своето мислење, не криејќи ја амбицијата и јас да проникнам во суштината на најавениот бунт и, се разбира, ако е можно, во непрепознатливото да ја препознаам вистинската причина за нив, пишува Милан Банов.

СОНК, не ве разбирам!

Секако дека ќе ве разберев своите барања за поголеми плати да го направевте во текот на летото со собири пред ресорното министерство или владата. Вака ме разочаравте и не само мене, верувајте, многумина се разочарани. За среќа, меѓу разочараните од постапката на СОНК има и многу просветни работници кои чесно и достоинствено ќе си го одработат првиот училиштен ден, пишува Велин Стојановски.

Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ