• Latest

4 септември: Расправи утре, осуди за шовинизам, активности…

September 4, 2019
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

4 септември: Расправи утре, осуди за шовинизам, активности…

September 4, 2019 17:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Јанева дала наредба сите истраги на СЈО да се префрлат во ЈО

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во истражниот затвор во Шутка како осомничена за случајот „Рекет“, дала наредба сите истраги и предистражни постапки на СЈО во рок од три дена да бидат предадени на Јавното обвинителство, потврдија за МИА од СЈО.

Тоа значи дека целокупната документација, заедно со доказите и полномоштвата на обвинителите, треба да се префрлат во ЈО.

За разрешувањето на Јанева ќе се расправа утре, се бара декласификација на извештајот

За евентуалното разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ќе се расправа и утре, за кога е закажана седницата на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за овој случај.

Сè уште не се знае дали за Извештајот ќе се расправа зад затворени врати или седницата ќе биде јавна, бидејќи иако Советот за јавни обвинители Извештајот до Собранието го испрати како класифициран материјал, претседателот на Комисијата Илија Димовски најави дека ќе испрати барање до новиот претседател до Советот на јавни обвинител Ацо Колевски, да го декласифицира документот.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Ременски: Не сите кои се фотографирани со Бојан Јовановски се инволвирани во „Рекет“

Владата со осуда за објавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за Јанева

Клубот на пратенички работи на унапредување на родовата еднаквост

Пендаровски се сретна со делегација на Советот на амбасадори

Димитров се сретна со новата амбасадорка на Шведска, Кристин Форшгрен Бенгтсон

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ЦИВИЛ: Осуда за шовинизмот и мизогинијата!

„Во едно демократско и прогресивно општество кое се стреми кон европски вредности нема место за шовинистички и сексистички изјави, особено не од портпароли на политички партии“, пишува ЦИВИЛ во денешното соопштение во кое јавно ја осудува срамната објава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, насочена кон новата министерка за финансии, Нина Ангеловска.

ЦИВИЛ со „Зелена иднина“ во Гостивар

ЦИВИЛ организира работилница со наслов “Зелена иднина“, посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, утре во општинската сала во Гостивар, со почеток во 11 часот. Проектниот тим на ЦИВИЛ одговара, зошто е важно да се биде дел од оваа работилница?

Работилницата на ЦИВИЛ е можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или пак дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози.

ЦИВИЛ објави повик за учество на семинар за граѓански новинари во Штип

ЦИВИЛ започнува со новата серија на регионални семинари „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, посветени на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава. Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy.

Мисла 

Денес родов шовинизам, утре повик на насилства

Кога портпарол на најголемата опозициска партија ќе излезе во јавноста со изрази на краен шовинизам на родова основа, што може да се каже за остатокот на партијата? Нина Групировка и Џирло Девојка, тоа не се вулгарни алузии и изрази на некој лумпен партиски трол, какви што имаат на располагање во изобилие, туку на портпаролот на МВРО (како што Гордана Јанкулоска си ја нарекуваше нагалено својата партијата), пишува Џабир Дерала.

А. Петровска 

Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ