• Latest
фото: Александар Кондев

Македонија е Волино

September 10, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Македонија е Волино

По објавувањето на владината стратегија за „одлучна борба против дезинформациите, лажните вести и хибридните удари врз демократијата“ видовме само одлучна борба против стратегијата. Овој став ќе го повторам и во првата наредна прилика, бидејќи денеска сакам да се задржам само на срцето на македонскиот отпор – Волино, селото во малата, живописна општина Дебарца.

September 10, 2019 12:43
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
фото: Александар Кондев

фото: Александар Кондев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Други соодветни наслови: Борбата за вистината тргнува од Волино… Или: Сите сме Волино… Или: Волино во нашите срца… Сонцето од Кутлеш се брани од Волино… Пијана работа… Трета лига…

Бев на аеродромот во Виена и, како и другите, лежев (буквално) на кожните гарнитури кај гејтот 36, чекајќи го летот за Скопје, кога на дланки ми слета сензационалната вест за фудбалскиот натпревар од третата македонска фудбалска лига што се одиграл меѓу Волино и Црнобуки. Судијата не досудил како што треба (досудил офсајд за гостинскиот тим), по што избила општа мешаница. Паднале тупаници, пцости, дошла полиција. Напаѓачот на судијата го носеле кон полициското комбе, кога неколку мештани го блокирале излезот од селото. Се гледа и на видеото објавено на социјалните мрежи.

Приказната до сега е само комична селска приказна за третолигашка, меѓуселска тепачка, со мирис на ракија и пиво од „пред кооперација“. Но, тоа е точката од каде што продолжува „светата“ битка на „куририте“.

Тепачот на судијата и неговите другарчиња одеднаш стануваат „борци за слобода“ кои се „жртви“ на предавничката власт. Со магична трансформација, ја откриваме курирската „вистина“ дека тоа не се селски насилници, туку знаменосци на „сонцето од Кутлеш“, та затоа биле „сардисани од заптиите на предавничката власт“. Уште една епопеја за „храбрите борци на македонскиот непокор“ чиј епицентар е, ни помалку, ни повеќе, туку селото Волино.

„Востанието“ на македонските „патриоти“ е, всушност, „задушено“ со гестот на градоначалникот. Кутрите, им било страв да се качат во „марица“, но затоа, тука бил градоначалникот кој доброволно се пријавил да се труцка заедно со „патриотите“ до полициската станица во Охрид. Главната „заслуга“, сепак, ќе ја соберат тепачите, кои се прикажани како „патриоти“ и „маченици“ за „светата кауза“ според „куририте“ (заеднички назив за самонаречени медиуми за кои нема да трошам зборови).

И тука некаде би требало да заврши целата приказна, смешна, гротескна, не многу значајна. Но, благодарение на „куририте“, Волино стана Македонија. Сите станавме Волино. А на тоа му одговори МВР со одлучна мерка… Се разбира, ова е иронија.

По објавувањето на владината стратегија за „одлучна борба против дезинформациите, лажните вести и хибридните удари врз демократијата“ видовме само одлучна борба против стратегијата. Овој став ќе го повторам и во првата наредна прилика, бидејќи денеска сакам да се задржам само на срцето на македонскиот отпор – Волино, селото во малата, живописна општина Дебарца.

На селската тепачка што беше прикажана како мало „востание“, благодарение на „куририте“, МВР одговори, ни помалку, ни повеќе, со претставката до ЗНМ, СЕММ и АВМУ „поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот и очекуваат новинарските организации да реагираат на ваквото непрофесионално постапување“. Ова е веројатно „најодлучниот“ удар против дезинформациите што можеа да го смислат институциите против дезинформациите. Притоа, МВР изрази надеж дека „овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми“. Што е тоа „соодветно“ што можат да го сторат ЗНМ, СЕММ и АВМУ, а што не може државата, останува тајна.

До големата разрешница поврзана со „патриотското востание“, останува сите тивко, во себе, да повторуваат „Сите сме Волино!“ и однапред да се радуваат на „соодветните“ реакции…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ