• Latest

12 септември: (Не)правда, „сваровски“ казна, СЈО, ратификација…

September 12, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

12 септември: (Не)правда, „сваровски“ казна, СЈО, ратификација…

Села: Нема правда, нема мир! Ниту амнестија за криминалците!... Ристоска: СЈО сè уште постои, верувам дека ќе се најде извесно законско решение... Адвокатот Алиспахиќ е казнет со 2.000 евра за „навреда“ на судот... По десетти пат одложен „Талир“, случајот на СЈО за финасирањето на ВМРО-ДПМНЕ...

September 12, 2019 15:42
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Села: Нема правда, нема мир! Ниту амнестија за криминалците!

Претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, е против предлогот на премиерот Зоран Заев за формирање на ново Обвинителство со кое ќе раководи обвинител предложен од опозицијата.

„Не можеме секоја година да си играме играчки и да си формираме по едно ново обвинителство. Може да се менува законот за СЈО, но секој мора да одговара за криминалот. Имаме предлог, со СЈО да управува странец од ЕУ или САД, а македонската опозиција не треба да се плаши од политички одмазди”, изјави Зиадин Села.

Ристоска: СЈО сè уште постои, верувам дека ќе се најде извесно законско решение

Специјалното јавно обвинителство се уште постои, се уште функционираме. Според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“.

– Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристоска, додавајќи дека многупати досега укажувале на важноста од носењето на законот за јавното обвинителство.

Адвокатот Алиспахиќ е казнет со 2.000 евра за „навреда“ на судот

Основниот кривичен суд донесе решение за казна од 2.000 евра за адвокатот Асмир Алиспахиќ, бидејќи на социјалната мрежа Фејсбук објавил статус за судијката Софија Лаличиќ во која ја нарекува „сваровски“ и „дно од судија“ и бара нејзино разрешување.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Блупринт група: СЈО како институција и тело треба да продолжи со работа во јавнообвинителскиот систем

СЈО е подготвено да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази

Жбогар: Фокусот да биде ставен на изнаоѓање решение за законот за јавното обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Катица Јанева

Чешка го ратификуваше протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО

По десетти пат одложен „Талир“, случајот на СЈО за финасирањето на ВМРО-ДПМНЕ

Вангеловски има рок од 8 дена за жалба по неговото разрешување

Анкета во Штип: Зелена или црна иднина?

„Сива иднина нè очекува“ е одговорот на еден штиипјанец, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каква иднина не очекува, зелена или црна? Тој додава дека градот се грижи за екологијата, но секогаш може подобро, односно да има повеќе зелени површини.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

„Зелена иднина“ во центарот на Скопје

ЦИВИЛ денеска преку инфо-штанд го претстави проектот Зелена иднина, пред преминот Палета во центарот на Скопје. Целите и идеите на проектот се зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Проектот „Зелена иднина“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.

ЦИВИЛ денеска во Велес: Зелена или црна иднина, прашањето е сега

ЦИВИЛ организира работилница со наслов “Зелена иднина“, посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, која се одржa денеска, во општинската сала во Велес.

MИСЛА

Лесните и нереални ветувања на политичарите им се враќаат како бумеранг!

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Заев настапува како експонент на плутократијата, а не како државник со визија за иднината на државата и добробит на граѓаните! Поради обидот да воведе скандинавски економски и социјален модел во државата, кој не и одговара на македонската плутократија, „курбан“ отиде екс министерот за финансии Тевдовски! „Фактурата“ за ваквото владеење на премиерот Заев ќе му биде испорачана на наредните предвремени или редовни парламентарни избори! Меѓутоа, евентуалната победа на опозицијата на претстојните избори ќе зависи првенствено од подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, да се демократизира и да се ослободи од тешките хипотеки во времето на нејзиното 11-сет годишно владеење! Обидот на некои челници од ВМРО-ДПМНЕ со аферата „Рекет“ да ги „исперат“ криминалот, корупцијата и насилството во 11-сет годишното владеење не само што нема да успее, туку ќе биде контрапродуктивен!

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ