• Latest

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ го отвора 44. Млад отворен театар

September 13, 2019
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ го отвора 44. Млад отворен театар

September 13, 2019 10:45
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворен 44. Млад отворен театар со македонска премиера на уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски, кој летово ја освои главната награда „Златна трига“ на 14. Прашко квадриенале за перформанс, дизајн и простор.

Проектот е составен од три дела (перформанс со актерката Кристина Леловац, кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација), а предмет на проектот е Железничката зграда во Скопје како симбол на заедништво и солидарност.

Се работи за станбената зграда спроти Градежниот факултет која била градена од 1934 до1946 како периметарски блок за колективно живеење на вработените во Железницата на Југославија. Зградата, во која сега има 74 станови, на времето имала и сопствено кино каде што филмови заедно гледале и до 400 деца. Идејата за проектот што во 2015  почна на иницијатива на здружението Факултет за работи што не се учат е да се зачуваат од заборав и игнорирање трагите од некогашното заедништво и да се нагласи и зачува значењето на јавното и јавниот простор.

Железничката зграда на годинашниот МОТ ќе биде промовирана и како нова сцена, каде што до крајот на фестивалот (21 септември) ќе има два настана – хрватската претстава „Сè е во парите“ и работилницата „Orbis pictus – Оди и види“.

Проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ќе биде уште двапати изведен на МОТ – на 15 септември од 12 часот и на 16 септември од 18 часот. Потоа  ќе гостува во Нови Сад, во придружната програма на БИТЕФ.

На првата фестивалска вечер на програмата на МОТ е и македонско-словенечката претстава „Девојчето со жиците“ која од 22 часот ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет. Се работи за драма-опера напишана од Марјан Неќак, Маја Хрговиќ и Ана Бунтеска – за виолинистка која патува со воз низ Европа.

– Референцата по Андерсеновата „Девојчето со кибритчиња“ е на повеќе нивоа. Нестабилната економска ситуација, комплицираниот однос со неуспешниот татко, потрагата да се најде своето место во модерна Европа, постепено прераснува во позиција на социјална ексклузија зацврстена со бодликава жица, ѕидови и генерални рестрикции – приказната е потсетник на позицијата на многу надарени индивидуалци, кои во моментов бараат засолниште за целосно да ги развијат своите потенцијали…, наведува МОТ во најавата на претставата.

На 44. Млад отворен театар ќе има шеснаесет претстави, од кои осум се гостински, како и пет придружни настани. Покрај на шест сцени во Скопје (МКЦ, НОБ, Кино Култура, Железничка зграда, Драмски театрар и Театар Комедија), една претстава ќе се игра на сцената на театарот „Џинот“ во Велес.

Извор: MИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ