• Latest

25 септември: ЦИВИЛ одржа голема конференција „Перспективите на македонските избори“, Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите

September 25, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

25 септември: ЦИВИЛ одржа голема конференција „Перспективите на македонските избори“, Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите

September 25, 2019 16:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: „Перспективите на македонските избори“ – конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи

ЦИВИЛ денеска одржа конференција посветена на изборните реформи. На Конференцијата се говореше за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите.   На конференцијата  учествуваа државниот врв, министри, лидери на политички партии, експерти и невладини организации. На конференцијата, со видео порака, се обрати и премиерот Зоран Заев, кој е во Њујорк на 74. Заседание на Обединетите Нации.

Конференцијата ја најави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и по што дискусијата ја отвори претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој во своето обраќање пред присутните истакна дека е исклучително важно да се дискутира за едно вакво прашање како што се изборите, но и дека демократијата е многу повеќе од изборите.

Премиерот Зоран Заев, преку видео порака им се обрати на учесниците и присутните на Конференцијата за изборни реформи „Перспективите на македонските избори“ и изрази увереност дека од дискусијата ќе произлезат конструктивни насоки за законската и институционалната рамка за изборниот систем, кои Владата ќе ги проследи со посебно внимание.

Н.Е. Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, во своето воведно обраќање на Конференцијата за изборни реформи: Перспективите на македонски избори, изјави дека е крајно време нашето општество да се обедини и тесно да соработуваат сите етникуми со цел да се надминат поделеностите.

На конференцијата се обратија и министри и високи претставници на политичките партии, а конференцијата беше пренесувана во живо на онлајн  каналите на ЦИВИЛ.

Настанот е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Германскиот Бундестаг  утре официјално со зелено светло за почеток на преговори

Германскиот Бундестаг утре и официјално ќе даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателскиот на германскиот Парламент, Волфганф Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговори со Европската унија за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените, јави Дојче Веле. Одлуката била донесена вчера на состанок на коалициските партнери во германската Влада.

Флеш вести

Средба Заев – Мицотакис

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вчера се сретна со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, за време на Генералното собрание на ОН. На средбата, премиерот Заев истакна дека Владата на Република Северна Македонија е максимално фокусирана на конструктивен пристап во градењето меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во интерес на граѓаните на двете земји.

Грчкиот премиер ја изрази својата поддршка за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и беше потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија.

Јанева и Боки 13 прво ќе прават увид во доказите, па ќе дадат исказ за „Рекет“

Третоосомничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, исто како и првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, вчера во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција побара да направи увид во доказите, па потоа да го искористи правото да даде исказ. Второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец со „амин“ на ОЈО ќе биде пуштен во домашен притвор.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, по излегувањето од ОЈО вчера рече дека нејзиниот клиент најпрво ќе го искористи правото да изврши лично увид во доказите, па потоа ќе даде исказ. Најави дека увидот во доказите ќе биде извршен в четврток.

Генералниот секретар на УНКТАД официјално ја промовираше Ангеловска за амбасадорка на дигитална трговија

Министерката за финансии Нина Ангеловска, во рамки на 74-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), беше промовирана како една од првите „жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот, синоќа во Њујорк.

Ова исклучително и уникатно признание и го врачи Мукиза Китуи, генерален секретар на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој. Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ