• Latest

26 септември: Бундестагот денеска ќе решава за давање датум, граѓаните на ЕУ со поддршка, Кукан советува да не славиме, туку да работиме…

September 26, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

26 септември: Бундестагот денеска ќе решава за давање датум, граѓаните на ЕУ со поддршка, Кукан советува да не славиме, туку да работиме…

September 26, 2019 16:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Бундестагот ќе даде зелено светло и ќе постави услови за Северна Македонија

 

Бундестагот веднаш по започнувањето на преговорите за членство во ЕУ, од Северна Македонија ќе бара да продолжи да вложува значителни дополнителни напори за исполнување на критериумите за пристапување како што се владеење на правото, вклучително основните права и ефикасноста на Специјалното обвинителство, и под нова организациска поставеност, во борбата против корупцијата и организираниот криминал, вклучително и создавање на солиден резултат како и за перење на пари и финансиски криминал, како и зајакнување на институциите и промовирање на човековите права. Документот со наведените услови може да го прочитате ТУКА.

Заев: Ја имаме мнозинската поддршка од граѓаните на ЕУ, не постои земја која има проблем кон Северна Македонија

 

Премиерот Зоран Заев е задоволен од изразената поддршката за остварување на евроинтегративните и евроатлантските процеси при одржаните средби со повеќе европски и светски лидери, за време на неговиот престој во Њујорк, по повод учеството на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН).

Премиерот Заев нагласува дека посебно е важно дека нашата земја ја има мнозинската поддршка од граѓаните и од земјите-членки на Европската Унија и дека не постои земја-членка на ЕУ, која што има некој проблем кон Република Северна Македонија.

На прашањето дали за него постои план Б, освен членството во НАТО и отпочнувањето преговори со Европската Унија за земјата, премиерот Заев категорично рече дека нема потреба од план Б.

Кукан: Ќе добиете датум но не славете, ве чека напорна работа

Европратеникот Едвард Кукан е убеден дека за само три недели Советот на ЕУ ќе ја усвои одлуката за добивање на датум за преговори. Но, тој порача да не се слави со добивањето на датум за преговори, бидејќи работата не е завршена, туку со таа одлука почнува еден тежок и макотрпен процес. “Туск е сериозен политичар, ако кажал дека вашата земја направила се за да добие датум за преговори, тој ќе се држи до тоа. Не е се спроведено и направено, но вие сте предолго во чекалната на ЕУ. Три недели не е долг период. Имате важни работи како законот за ЈО и случајот „Рекет“. Ако ова на време и добро го решите, ќе бидете добродојдени кај луѓето во Брисел кои одлучуваат за вашата иднина. Не треба да славите, бидејќи со добивање на датумот работата не е завршена, процесот потоа е тежок и макотрпен, но членството ќе донесе многу придобивки за граѓаните на оваа држава. Со среќа”, изјави меѓу другото Кукан во неговиот говор пред третата секција на Националната Конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија, кој се одржува денеска во Собрание.

Пендаровски: „Рекет“ круцијален тест, не смеат да се толерираат никакви странични влијанија

Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку, пред с, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат.

Ова е порака што денеска ја испрати претседателот Стево Пендаровски на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се одржува во Собранието.

Како разочарувачка тој ја спомена состојбата што од осамостојувањето на земјава до денес има многу малку пресуди за случаи за висока корупција и изречени соодветни санкции. – А сите знаеме дека такви злоупотреби има многу.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Јовески: „Рекет“ се одвива без странични влијанија и со релевантни докази

Постапката за расветлување на аферата наречена „Рекет“ оди сеопфатно без странични влијанија со обезбедување релевантни докази против инволвираните во кривично правните дејствија, изјави денеска јавниот обвинител Љубомир Јовевски на панелот „Како против корупцијата“, во рамки на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во РСМ.

Заев-Рикер: Датумот за старт на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД

 

Северна Македонија во овој период е целосно фокусирана на обезбедувањето датумот за старт на преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредок во ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО, двете стратешки цели за државата за чие остварување САД дадоа огромен придонес, истакна премиерот Зоран Заев, на средбата со високите претставници на Стејт Департментот, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржана на  маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк.

Јанева на увид во доказите за „Рекет“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“ попладнево со полициско возило и придружба од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесена во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Јанева во Обвинителството ќе го искористи правото да изврши увид во доказите за случајот „Рекет“.

ЦИВИЛни активности

ЦИВИЛ утре со семинар во Штип

Новата серија регионални семинари во рамките на проектот Граѓански објектив кој го организира ЦИВИЛ започнува овој викенд во Штип. Првиот од вкупно 8 семинари ќе се одржи на 28 септември во хотел Оаза од 10 до 18 часот.

Рокот за пријавување на учество на семинарот завршува денеска во 17 часот. Иако веќе одамна е надминат бројот на учесници, ова е последната шанса да аплицирате. Апликациите ќе бидат разгледани од посебна комисија составена од тимот на ЦИВИЛ.

Дијана Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ