• Latest

Новиот агитпроп шеф, неговиот заменик, неутралците и останатите

September 27, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Новиот агитпроп шеф, неговиот заменик, неутралците и останатите

Интернет просторот, како што беше, така и остана, окупиран од медиумите што ги создаде режимот на Фамилијата, а секој што се обидува да известува за евроатлантската агенда и за демократските процеси, останува обележан и секојдневно напаѓан. Ако известувате за забрзаниот и успешен процес на евроинтеграцијата, не сте интересни, тоа е безначајно, а уште полошо, тоа значи дека е и „провладино“ известување, што е срамота – таква е пораката. Секако, многу поважно е да се направи фама од тоа како Путин дошол на отворање на пат со градежнички шлем, возејќи камион.

September 27, 2019 12:31
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во голема конспирација се чува новиот шеф на агитпроп машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ. Доскорешниот шеф е назначен да му помага со совети и да го заменува кога тој е уморен или распореден на други ад-хок партиски задачи. Неговиот заменик е фокусиран на собраниски сплетки и блокада на процесите во коридорите, комисиите и пленарната сала.

Новиот шеф на агитпропот е задолжен да ја координира продукцијата на лажните вести и говорот на омразата. Некои извори ме брифираат дека и самиот се појавува како автор под псевдоним во еден интернет портал, поддржан од иселеник, хард кор националист кој не жали пари за кампањата што ја води на својот портал.

Тој до ден-денеска не ја изгубил својата склоност кон одмерено пишување, со низок тон, како што и говори. Често се цитира себеси во текстовите, со нескриена благонаклоност. Кон себеси се разбира. Стилот му е препознатлив, со внимателно осмислени конструкции на речениците и избор на информации, поставени така што му сугерираат на читателот сосема поинакво толкување на настаните и состојбите.

Под негова надлежност се и традиционалните медиуми, како што се телевизиите, радио станиците, печатените изданија, а секако и јавниот радиодифузен сервис, МРТВ.

Негова посебна специјалност е продор со лажни вести и спинови кај медиумите што се обидуваат да воспостават некаков вештачки баланс и да ја задржат „неутралноста“. И, тука е особено успешен. Човек, едноставно, не знае каде да се сврти. Спиновите напаѓаат од секоја страна. Ја умртвуваат надежта и ја релативизираат буквално секоја ситуација.

Најголемиот успех на овој агитпроп, всушност, не се енормната количина лажни вести и говор на омразата, туку убедувањето дека „сите се исти“. Тука се одлични! Им успеа да го изместат и замаглат објективот на многумина, да ја искриват сликата до непрепознатливост.

А за исти, не се. Уф, толку многу не се што не вреди повеќе ни да се аргументира, туку само да се сетиме на било кој детаљ од времето на насилничкиот режим. А нештата што се „исти“ се последица од тој режим, значи, пак не е исто. Неспособноста да се расчисти со последиците од режимот се друга тревожна приказна, но и тоа е дел од тоа што не е „исто“, ако само малку подобро се размисли.

Во недостиг од услови да се воспостави вистински баланс, „ултра коректните“ медиуми во Северна Македонија, вештачки креираат „рамнотежа“ меѓу политичките опции. Тоа што постигнуваат не е ништо повеќе од давање предност на генераторите на лажни вести и валкана антизападна пропаганда. Шемата е едноставна – малку ова, исто толку од она. Со други зборови, малку демократија, малку фашизам, односно путинизам.

Па, нели новинарството е да се биде објективен и да се прикажат двете страни? Е, па еве де! Па и криминалците имаат право да си го искажат своето мислење и да ја убедат јавноста дека треба да гласаат за нив, за повторно да дојдат на власт! Што убаво ни беше со нив, сѐ беше под контрола, се знаеше кој смее да краде, а кој не, кој може да биде апсен (тој што мисли со своја глава), а кој не! Башка за сето тоа има пари и од фондовите на западните демократии кои се злоупотребуваат за да се удри токму по нив.

Интернет просторот, како што беше, така и остана, окупиран од медиумите што ги создаде режимот на Фамилијата, а секој што се обидува да известува за евроатлантската агенда и за демократските процеси, останува обележан и секојдневно напаѓан. Ако известувате за забрзаниот и успешен процес на евроинтеграцијата, не сте интересни, тоа е безначајно, а уште полошо, тоа значи дека е и „провладино“ известување, што е срамота – таква е пораката. Секако, многу поважно е да се направи фама од тоа како Путин дошол на отворање на пат со градежнички шлем, возејќи камион.

За агитпропот има повеќе од доволно пари да опстанат, па и да се шират уште најмалку една деценија. Зависи од тоа колку азилантот од Будимпешта сака да брцне во џебот, да извади од „тешко спечалените“ пари. А вади. Плус, му помага една моќна пропагандна индустрија со седиште во Москва. Така, ако погледнеме на медиумската сцена, имаме хард-кор медиуми што одработуваат за режимот, вклучувајќи го и јавниот сервис, од една страна, еден помал „неутрален блок“ од втора страна и ситна „боранија“ од медиуми што се обидуваат да му дадат смисла на хаосот. Не се за занемарување, но нивната видливост и влијание ни оддалеку не е такво, за да му парира на пропагандниот поход што секој ден само се засилува и ја замаглува сликата за настаните и процесите.

Да се вратиме на новиот шеф на агитпропот. Тој има тешка задача, но навикнат е да работи вредно, а од пред некое време, видовме дека знае да игра и валкано. Притоа, го помага експертот, искусен шеф на пропагандата, чиј прекар се поврзува со еден лик од Втората светска војна. Навистина, оној што сместуваше цели семејства во ендек исчезна од сликата, но капацитетот сѐ уште е голем, добро организиран и, најважно, има пари.

Во оваа приказна се изоставени имињата, но како да се напишани. Но, тоа веќе го сфативте. Знаете и за псевдонимот и за интернет порталот. Сѐ си знаете.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ