• Latest

3 октомври: Едно општество за сите, работна група за ветинг во МВР, ребрендирање на СДСМ, 120 изборни единици на Мицкоски…

October 3, 2019

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

3 октомври: Едно општество за сите, работна група за ветинг во МВР, ребрендирање на СДСМ, 120 изборни единици на Мицкоски…

ДНЕВНИК на ЦИВИЛ: Протестот на учениците во Идризово се пренесе во Собранието, Заев рече дека на родителите им се дава избор, Законот за одбрана ќе се усогласува со обврските и правилата во НАТО, утврден Предлог-законот кој ќе овозможи одгледување медицински канабис, следи јавна расправа...

October 3, 2019 17:31
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Едно општество за сите, различностите да обединуваат, а не да делат

Денеска во Министерството за надоврешни работи се одржа Конференцијата „Едно општество за сите, различностите да обединуваат, а не да делат“,  а во дискусијата учествуваа премиерот Зоран Заев, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Ламберто Заниер и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.

Од дискусијата, во која се вклучени и експерти, пратеници, универзитетски професори ќе произлезе конечна ревизија и заокружување на процесот за конечно донесување на Стратегијата.

„Ја скениравме нацрт-верзијата на Националната стратегедија, внесувајќи ги во неа сите конструктруктивни забелешки за интегрирање на етничките, верските, културните, јазичните разлики“, изјави Заев.

„Унапредувањето на кохезивноста на нашето општество подеднакво достапно за сите е еден од главните индикатори за успешната македонска приказна која сите сакаме да ја изградиме“, рече Димитров.

Протестот на учениците во Идризово се пренесе во Собранието, Заев рече дека на родителите им се дава избор

Седницата за пратенички прашања почна со задоцнување зашто координаторот на ДУИ Ејуп Алими со процедурално барање инсистираше пратениците да бидат надвор од собраниската сала еден час како што 11 ученици Албанци во Идризово еден месец не посетуваат настава.

Родители на 11 деца од Идризово еден месец протестираат и не ги пуштаат децата во друго училиште. Бараат тие да останат да се школуваат и од шесто до деветто одделение во село Јурумлери односно за нив да се отвори паралелка на албански јазик, а не да се упатуваат во други населени места. Според Општина Гази Баба, тоа не е финансиски одржливо зашто треба да се вработи наставен кадар.

Спасовски до 21 октомври треба да формира работната група за ветинг во МВР

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата и Предлог – планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.

„Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку претседателот на Собранието на Република Северна Македонија да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи“, соопшти владината прес-служба.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Почнуваат преговорите со Грција за изградба на интерконективниот гасовод. Во досегашната соработка меѓу властите од двете земји, утврдено е дека најадекватна траса за изградба на интерконективниот гасовод е поврзување на идната гасоводна делница Гевгелија – Неготино со актуелниот гасовод во изградба Неготино – Битола.

Законот за одбрана ќе се усогласува со обврските и правилата во НАТО

Пред 24 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата.

Утврден Предлог-законот кој ќе овозможи одгледување медицински канабис, следи јавна расправа

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да остане надлежна за предметот „Империја“

СДСМ се ребрендира и започнува кампања „На прав пат“ со силно граѓанско учество

БИСЕР НА ДЕНОТ

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи 120 изборни единици кога ќе започнат разговорите за промени на изборниот модел.

120 изборни единици, за секој пратеник по една? Па, нели ќе го намалувавме бројот на пратеници?

Б. Јордановска

во соработка со: Дијана Тахири, Маја Ивановска и Ангела Петровска

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ