поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРДИНИ
Новите пратеници, комесари и директори на ЕУ, многу повеќе ќе им помогнат на граѓаните на РСМ, отколку на корумпираните политичари, доколку во преговорите се однесуваат малку поинаку од нивните претходници Вајгл, Кукан и Хан.
*
Дали во оваа држава некому му е познато кои услови треба да ги исполни лицето да го стекне правото на неопределено време да добие плата без работа?
*
Ако зависи од ДУИ, никогаш нема да се донесе нов изборен закон, со кој нема да биде можно пратеник да биде избран и некој што не знае да работи ни како молер.
*
Анѓушев очекува во 2019 економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години.
Од кај знае дека така ќе биде и што ако не биде, ништо не кажува. Милина да го слушаш.
*
Новиот амбасадор на Холандија,на Али Амети можел да му верува дека неговата партија е за владеење на правото, само доколку пред да дојде во Скопје, не го прочитал извештајот на групата на Прибе, во кој јасно е наведено дека ВМРО и ДУО, за време на заедничката власт, РС Македонија ја втурнаа “во многу тешка кризна ситуација”.
*
ВМРО ДПМНЕ, за овие скоро 30 изминати години од основањето, не само што не го оствари “македонското национално единство”, туку, напротив, со практичното делување, уште повеќе го продлабочи јазот на делбите меѓу македонците.
*
Не треба да се заборави дека Никола Груевски, сѐ уште почесен претседател на ВМРО, своевремено како премиер, на пратеничко прашање колку ќе чини проектот “Скопје 2014”, одговори дека ќе чини осум години по десет милјони евра.Чинеше не помалку од десет пати повеќе.Со тек на време станува сѐ појасно дали имаме и колкава е користа од него.
*
Али, кој се залага за владеењето на правото, многу брзо откри кој не пукал во Мала Речица, а истражителот од Тетово сѐ уште не може да открие кој пукал.