• Latest

7 октомври: Поддршка, ребаланс, Рекет и датумот за преговори

October 7, 2019
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

7 октомври: Поддршка, ребаланс, Рекет и датумот за преговори

Денешниот ден помина во знакот на австриската поддршка, ребалансот на буџетот, случајот Рекет и добивањето датум за преговори за влез во Европската Унија

October 7, 2019 16:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА ОТПОЧНУВАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИТЕ

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, денеска беше во официјална посета на Република Северна Македонија.

Шаленберг оствари средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и претседателот Стево Пендаровски.

Тој ја изрази австриската поддршка за отпочнување на преговорите за влез во Европската Унија.

Министерот Шаленберг посочи дека Австрија дава целосна поддршка на процесот на проширување, оценувајќи дека Северна Македонија испорача резултати и, како што рече, сега на ред е Брисел да испорача. Според министерот Шаленберг, позицијата на Австрија е јасна дека Европскиот Совет треба да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

ДИМИТРОВ: ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА ЗЕМЈАВА Е НАШЕ РАНДЕВУ СО ИСТОРИЈАТА

Пораката што наредната недела ЕУ ќе ја испрати до Македонија е порака и за регионот. Доколку се она што го направи земјава од решавањето на прашањата со соседите, реформите и целокупната позитивна промена во општеството, не биде препознаено и наградено со позитивна одлука за почеток на преговорите со Унијата, Европа ќе испрати порака дека не е сериозен партнер, порача денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

НЕЗАВИСНАТА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА БИДЕ ВКЛУЧЕНА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

Во денешното соопштение на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека ќе се залагаат за намалување на бројот на пратеници, за застапеност на лицата со посебни потреби на листите, за рамноправна застапеност на мажите и жените и да се изнајде решение со кое ќе се гарантира застапеноста на помалите етнички заедници.

„Ќе бидеме конструктивни партнери во преговорите и ќе ја застапуваме нашата заложба за поголема демократија во начинот на избор на пратеници што ќе допринесе за разноликост, инвентивност и можност за презентација на различни ставови. Концептот за отворени листи е добра почетна основа за која треба дополнително да се разговара“, се вели во соопштението.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Анкета: За речиси половина од граѓаните „Рекет“ не е причина за предвремени избори. Анкетата која за потребите на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека 44,7% од граѓаните сметаат дека не треба да се организираат избори поради „Рекет“, додека 36,3% се на ставот дека е потребно ново гласање за избор на пратеници, додека 18,9% од анкетираните се уште немаат став.

Тркалезна маса за лидери на високи позиции за хибридните закани поврзани со информациите. Денеска во Охрид започна втората тркалезна маса посветена на хибридните закани поврзани со информациите. За време на тркалезната маса фокусот ќе биде на хибридните закани поврзани со информациите и заканите што влијаат на политичките, територијалните и/или економските аспекти на една земја или Алијансата преку кинетички, некинетички или комбинирани средства со користење на информациите,  дезинформациите, неинформирањето и медиумите – традиционалните или социјалните.

Јовановски утре ќе даде исказ за „Рекет“. Јавното обвинителство соопшти дека утре попладне Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“, ќе биде донесен од затворот во Шутка во Обвинителството да го даде првиот исказ, по увидот во доказите.

Спасовски: Достигнувањето на целите утврдени во Глобалниот пакт за бегалци е обврска на целокупната меѓународна заедница. На седумдесеттата сесија на Извршниот комитет на Програмата на Високиот комесар за бегалци на ОН, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски нагласи дека усвоениот Глобален пакт за бегалци, како дел од меѓународните норми на заштита, е особено важен документ за обезбедување на релевантна меѓународна помош за бегалците, и дека достигнувањето на клучните цели утврдени во овој документ е обврска на целокупната меѓународна заедница.

Ангеловска: Со ребалансот на буџетот средствата одат онаму каде што ќе имаат најголема ефикасност. Алоцирање средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти, повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на Буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи пред пратениците пред кои од денеска на дневен ред е Предлог дополнетиот ребаланс на Буџетот.

ДКСК организира тридневна работилница за спречување на корупција и судир на интереси. Учество на работилницата ќе земат претставници на сите релевантни институции и организации, како и домашни и меѓународни експерти и истата ќе трае до 10 октомври.

Каракамишева му се извини на Јанчев, но не ја избриша лажната вест! Професорката по Уставно право и политички систем, Тања Каракамишева, на својот Фејсбук профил, вчера објави лажна вест дека градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, има членска книшка од СДСМ, но по бурните реакции од јавноста и најавата за тужба, таа денес му се извини. Фотомонтажата од лажната членска книшка на Јанчев е споделена 66 пати, додека извинувањето е споделено само 11 пати.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ИНТЕНЗИВЕН И ДИНАМИЧЕН СЕМИНАР ЗА ТРАНСПАРЕНТНИ И ОДГОВОРНИ ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕСИ

ЦИВИЛ го организира вториот регионален семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ посветен на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство за промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржи во Прилеп, Градската библиотека „Борка Талески“, на 19 октомври, со почеток во 10 часот.

Доколку сте заинтересирани за учество на семинарот пополнете ја АПЛИКАЦИЈАТА ЗА УЧЕСТВО

ЗЕЛЕНА ИДНИНА ВО СТРУМИЦА

ЦИВИЛ продолжува со несмалено темпо да организира настани, да патува низ земјата со инфо штандовите за директна комуникација со граѓан(к)ите, а деновиве ќе одржи уште една, последна од серијата работилници под заеднички наслов „Зелена иднина“. Последната работилница ќе се одржи на 15 октомври во општина Струмица со почеток од 13 часот.

МИСЛА

БАНДАТА СЕ ХРАНИ ОД МОЛКОТ И СТРАВОТ

„Ширењето дезинформации и лажни вести креираат една грда, извитоперена реалност што им оди во прилог на радикалните националисти и анти ЕУ и НАТО политичари, меѓу кои има и осомничени, па и осудени криминалци. Да биде ситуацијата уште полоша, институциите одбраа мек пристап, а медиумската констелација им оди во прилог. Освен со говор на омраза и црна пропаганда, лажни вести и дезинформации, во арсеналот на оружја против фактите отсекогаш имале фалсификување документи“, пишува Џабир Дерала.

ЗА ЈАСНОВИДЕЦОТ, КОКОШКАТА И ПРОСОТО

„Во сеќавањата, секако, навира и неспособноста и немањето јасна визија, дури ни желба, како да се излезе од евидентната хорот ситуација (баш и не гледам дека и сега нешто се сменило) во која „како на шкрги“ дишеше Македонија. Замената за неспособноста и неукоста се пронаоѓаше во лагата и блефот, во сета онаа празна реторика за нашата божемна можност, па и извесност за влез во ЕУ и НАТО. И ако добро ме служи паметењето, и поразителните информации од Брисел беа трансформирани во добра вест, па така постојано бевме уверувани дека членка на овие организации ќе станеме „ако не овој петок, тогаш другиот вторник“, пишува Милан Банов.

М. Ивановска
во соработка со: Ангела Петровска, Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Дијана Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ