• Latest

8 октомври: Антикорупција, економски раст, протест, избори и очекувања…

October 8, 2019

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

8 октомври: Антикорупција, економски раст, протест, избори и очекувања…

October 8, 2019 16:51
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Е ОДГОВОРНОСТ НА СИТЕ ВО ДРЖАВАТА!

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси, денеска започна со тридневна работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 -2024.

Почетокот на работилницата на која учествуваат претставници на сите релевантни институции и организации, како и домашни и меѓународни експерти, го означија воведните излагања на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, министерот без ресор за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски и  проф. д-р Методиј Чепреганов

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА СО ПОЗИТИВНИ ТРЕНДОВИ ВО ЕКОНОМИЈАТА, РАСТОТ 3,1%

Светска банка ја ревидира стапката на економски раст за годинава од 2,9 на 3,1 отсто. Во најновиот регионален извештај оценува дека Северна Македонија и Косово се единствените земји во регионот на Западен Балкан во кои има позитивни трендови кај растот за разлика од другите држави во регионот кај кои има забавување.

Како што беше посочено на денешната презентација на извештајот во Скопје и во наредните години се очекуваат позитивни трендови и проектиран раст од 3,2 во наредната и 3,3 во 2021 година.

ИВАНОВСКА: АКО НЕ СЕ СПРЕЧИ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ВО АНБ, ЌЕ ПОСТАПИМЕ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ

„Најзначајната улога на ДКСК е да има превентивна улога. Многу е добро што директорот на АНБ се обрати до нашата институција и побара мислење. Во мислењето ние кажавме дека вработување на блиски лица во иста институција е судир на интереси. Јас искрено се надевав дека тоа беше многу добар чекор за да се спречат вакви состојби,  меѓутоа очигледно не се спречиле. Како понатаму тоа ќе се реши, не знам. Веројатно ќе отвораме предмети по тие случаи и да бараме некаква разрешница иако најдобро е во самата институција да се бараат решенијата’, одоговори Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, на почетокот на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, на новинарско прашање за начинот на вработување во Агенцијата за национална безбедност.

ФЛЕШ ВЕСТИ

„Колективен сега!“, бара СКРМ. Денеска се одржа протестниот марш на Синдикатот на културата на Република Македонија за нов општ Колективен договор во културата. СКРМ маршот го најави како последно предупредување пред најавениот штрајк.

Оттаму бараат регулирање на работните односи во културата, бидејќи последниот колективен договор е потпишан пред 14 години.

Пендаровски: Бугарија сигурно нема да го блокира датумот. Елементите на бугарската позиција во однос на натамошниот процес на интеграцијата на Северна Македонија се внатрешно-политичка работа на една земја-членка на Унијата и таа позиција со сигурност нема да биде изнесена на претстојниот Европски совет, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.Тој одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите дека Бугарија утре ќе ги најави мерките за преговорите рече дека деновиве не контактирал со бугарскиот претседател Румен Радев, но нагласи дека Бугарија сигурно нема да го блокира отпочнувањето на преговорите.

Нема конечен извештај од Венецијанската комисија за Законот за јазици. „Не е точно дека Венецијанска комисија дала некаков извештај. Тоа се работни верзии во моментот, кои даваат размислување на известувачите по однос на впечатокот што го добиле од еднодневната посета овде на 7 септември и тоа треба дополнително да се разговара во Венецијанската комисија и да донесат конечна одлука“, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Премиерот Зоран Заев, пак истакна дека како институција Владата е подготвена да го имплементира мислењето на експертите на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците.

Заев: Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020. Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно 45 дена пред редовните, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори и дали веќе е отпочната изборната кампања. Заев нагласи дека интенција на Владата, секој ден, недела и месец, е да покаже што значат придобивките во економијата, растот, новите работни места и импактот од ЕУ и НАТО.

Поповски: Голем е проблемот со транспарентноста на администрацијата која не е навикната да дава одговори. „Корупцијата, непотизмот, судирот на интереси се во континуитет присутни со осамостојувањето на државата, но и претходно. Тоа е ментален склоп на општеството. Оваа антикорупциска комисија почнува да изработува Национална стратегија на најдобриот можен начин преку широка јавна дебата, работилници, со присуство на експерти што е доказ дека вербата во стратегијата ќе биде огромна. Овие луѓе беа избрани на најтранспарентен начин и мислам дека ќе имаат врвни резултати и ќе помогнат во насока на справување на општеството со ова зло“, изјави Роберт Поповски, министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, по воведното излагање на почетокот од подготовката на Националната стратегија во борба против корупцијата.

Боки 13 со возило на брза помош изнесен од Обвинителството. Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција каде требаше да даде исказ за случајот „Рекет“ во кој тој е првоосомничен. Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваестина минути по доаѓањето на Јовановски. Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека Јовановски колабирал и не бил контактибилен.

Суспендиран затворскиот чувар кој недолично се однесуваше кон новинарите. Експресно е суспендиран затворскиот чувар за непристојното однесување кон новинарите додека го изнесуваа Бојан Јовановски – Боки 13 од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција , велат од управата на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. „Против него ќе биде покрената и дисциплинска постапка“, велат оттаму додавајќи дека нема да толерираат непристојно однесување кон новинарите или кого било, пред сѐ, од службеници во униформа.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ и во октомври продолжува со уште подинамично темпо со проектни активности, секогаш во блиска комуникација со граѓанките и граѓаните, и институциите на локално и регионално ниво. Денеска тим на ЦИВИЛ организираше инфо-штанд во Старата скопска чаршија.

Теренските активности на самиот почеток на октомври започнаа со инфо-штандови за „Зелена иднина“ на неколку локации во центарот на Скопје, а ќе продолжат и понатаму наредната недела. На овој начин, тимот на ЦИВИЛ е во директна комуникација со граѓанките и граѓани, преку информативни и едукативни материјали и разговори, споделувајќи ги идеите, ставовите и можните решенија на проблемите и да придонесат кон општествени промени во секоја сфера од животот, со промоција на зелени вредности, социјална правда и антинационализам.

Во октомвриската агенда на ЦИВИЛ е општинскиот настан „Зелена иднина“ во Струмица , на 15 октомври, со почеток во 13 часот.

На тема граѓанско новинарство, како алатка за мониторинг и разобличување на погрешните политики и практики, со што се придонесува и кон транспарентно и одговорно општество, организира еднодневен регионален семинар во Прилеп, во градската библиотека „Борка Талески“, на 19 октомври, со почеток во 10 часот.

Конференцијата „Доаѓа времето на Зелените“ ќе се одржи на 25 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) од 12 до 14 часот. На конференцијата се поканети граѓански организации и иницијативи, политичките партии и институциите на национално и локално ниво.

 

М. Ивановска
во соработка со: Дијана Тахири, Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Ангела Петровска и Ариан Мехмети.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ