• Latest

МАНУ одбележа 52 години од основањето

October 9, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МАНУ одбележа 52 години од основањето

October 9, 2019 14:00
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Активностите на МАНУ во изминатата година се реализираа успешно и со планираната динамика. Академијата се посвети на научноистражувачки проекти од различни области, разгледуваше и  актуелни теми, а најголемо внимание им посвети на евроинтеграциските процеси, рече претседателот на Академијата Таки Фити во освртот за изминатата година од работата на МАНУ која денеска го одбележа 52-риот роденден.

Нагласи дека со својата советодавна функција, МАНУ во своите изданија, трудови и зборници  објавила препораки и сугестии до креаторите на политиките во сите области на науката и уметноста.

-Имавме извонредно богата работна програма, насочена во различни области која опфати различни теми, главно круцијални и врзани за актуелни состојби во Македонија во сите сфери на општественото живеење кои се во интерес на МАНУ – владеењето на правото и демократијата, што ќе биде и првото поглавје што нашата земја ќе го отвори во преговорите со ЕУ,  потоа  образованието, особено високото, науката, истражувањето и иновациските политики, економијата, потоа енергетика и животна средина, а посебно внимание обрнавме и на уметноста, културата, јазикот, мултикултурализмот, истакна Фити.

Академијата годинава работи на 89 научни и уметнички проекти, соработува со странски академии, пред сѐ, со соседните БАН и САНУ, а досега во оваа година академиците на МАНУ објавиле 107 научни трудови, од кои 41 се со импакт-фактор.

Претседателот на МАНУ најави четиригодишен извештај за нејзиното работење (2016-2019) на 25 ноември на седница на Собранието на МАНУ на која треба да се избере ново раководство на Академијата.

По повод денот на МАНУ беше доделено и меѓународното признание „Блаже Конески“, чии годинашни добитници се Марија Солецка, Марија Бежановска и Борислав Павловски, кои се заслужни за промоциоја на македонскиот јазик и литература во средините каде што живеат и работат, односно Полска, Франција и Хрватска.

Бежановска од 1964 живее и работи во Франција и превела околу 40 литературни дела од македонски автори на француски јазик, како и преводи на француски поети кои учествувале на Струшките вечери на поезијата.

Борислав Павловски е редовен професор на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, а покрај богатата преведувачка дејност е заслужен и за организирањето на Деновите на Миладиновци во Ѓаково и Осиек.

Марија Солецка живее во Полска,  а работела како лектор по полски јазик на УКИМ. Авторка е на 50-ина трудови од македонистичката библиографија, главна преокупација ѝ се семантика и синтакса на глаголите.

На својот 52-ри роденден МАНУ денеска го промовираше и изданието „Камбовски Liber Amicorium книга на пријатели“ во чест на 70 години од животот на академик Владо Камбовски.

МАНУ  го одбележа денот во пресрет на годишнината кога почнала да работи –  10 октомври 1967 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ