• Latest

Пендаровски за Ди Пресе: Дајте ни шанса и дозволете да покажеме дека сме подготвени

October 15, 2019
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски за Ди Пресе: Дајте ни шанса и дозволете да покажеме дека сме подготвени

October 15, 2019 11:02
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ди Пресе: Франција неодамна негативно се произнесе за проширувањето, дали сè уште се надевате дека ќе добиете сигнал од ЕУ за отворање на претпристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија?

Стево Пендаровски: Не се надеваме на сигнал, туку очекуваме одлука. Во изминатите година и пол испорачавме сè што требаше. Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекувамени повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени.

Ди Пресе: Еден аргумент – на пример од Париз- за блокадата на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија беше дека двете земји треба да направат повеќе во борбата против корупцијата и криминалот.

Стево Пендаровски: Ние го основавме Специјалното јавно обвинителство, кое покрена обвиненија против поранешниот премиер Никола Груевски, кој во меѓувреме побегна во Унгарија, како и против други важни личности. Ние ја ставивме борбата против корупцијата како наш приоритет. Еден од клучните аргументи на Франција беше дека тие сакаат продлабочување на Унијата пред проширување. Но, двата процеси може да течат паралелно. Ние нема веднаш да станеме полноправна членка на ЕУ.

Ди Пресе: Дали сте разочарани?

Стево Пендаровски: Особено бевме разочарани оваа година во јуни. Минатата година, земјите-членки на ЕУ рекоа: Не сега, уште треба да работиме на внатрешните реформи, но идниот јуни ќе донесеме одлука и ќе започнеме преговори со Северна Македонија и со Албанија. А овој јуни тие рекоа: „Извинете, сè уште не сме подготвени.“

Ди Пресе: Како народот гледа на ова?

Стево Пендаровски: Моите главни теми во кампањата за претседателските избори беа зачленување во ЕУ и во НАТО како главни стратешки цели. Ние очекуваме да станеме членка на НАТО во идните месеци. Но, доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет. Ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително. Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување?

Ди Пресе: Министерот за надворешни работи на Австрија Шаленберг неодамна повтори дека претпристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија треба да започнат во пакет. Кој е Вашиот став?

Стево Пендаровски: Во принцип ние сме согласни. Еден од принциипите на ЕУ зависи од напредокот – ако државата испорача тоа што треба тогаш вие сте внатре. Во исто време, голем дел од нашиот регион е поврзан – почнувајќи од безбедносни па сè до политички и економски прашања. Северна Македонија граничи со Србија и со Косово – две земји чиј конфликт продолжува да има влијание на целиот регион. Се разбира, што се однесува на регионалниот аспект, јас би сакал Албанија исто така да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Регионот не може да просперира доколку сите земји немаат цел пред себе. Сите треба да се дел од процесот на евроинтеграции. Босна и Херцеговина исто така, која, за жал, долго време беше запоставена од Брисел.

Ди Пресе: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за 3,6 милиони бегалци доколку ЕУ ги критикува неговите воени дејствија во северна Сирија. Дали Северна Македонија е подготвена за тавко сценарио?

Стево Пендаровски: Не би сакал да коментирам индивидуални изјави на политичари во врска со настаните во Сирија. Во секој случај, мојот впечаток е дека договорот за бегалци меѓу ЕУ и Турција сè уште функционира. Мотивите на двете страни да се склучи овој договор сè уште се исти.

Ди Пресе: Неодамна уште бегалци пристигнаа во Грција. Дали ова веќе се забележува во Македонија? Дали пристигнуваат повеќе луѓе?

Стево Пендаровски: Се разбира дека секогаш има можност бегалци да сакаат од Грција да тргнат по рутата преку Македонија со цел да стигнат во северните земји-членки на ЕУ. Досега, не сме забележале значително зголемување на бројот на луѓе. Во секој случај, ситуацијата не може ни да се спореди со онаа во 2015 и 2016 година кога еден милион луѓе поминаа низ нашата територија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ