• Latest

15 октомври: Оставка на заменик-министерот за здравство, остри осуди, нов предмет за ОЈО Струга…

October 15, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

15 октомври: Оставка на заменик-министерот за здравство, остри осуди, нов предмет за ОЈО Струга…

October 15, 2019 15:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заменикот-министер за здравство Муса поднесе оставка по скандалот со примање мито

Заменикот министер за здравство, Асим Муса, денеска поднесе оставка на прес конференција за медиумите.

Оставката доаѓа по објава на видео од албански медиум, на коешто е сниман како Муса договара цена за оперативен зафат за пациент од Албанија, и зема 50 евра „капар“ надвор од целосната сума, за „кафе“, како што се изјасни во видеото.

Филипче со осуда за земањето мито од заменик министерот во оставка

„Сметам дека треба да имаме неселективен пристап, без разлика на функциите коишто ги имаме и институциите треба да преземат соодветни чекори во таа смисла“, вели министерот за здравство, Венко Филипче, по оставката на заменик министерот, Муса кој е вмешан во корупциски скандал.

ОЈО Струга оформи предмет за заменик министерот за здравство

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со објавената снимка со заменик министерот за здравство Асим Муса и постапува во насока на утврдување на фактите.

Од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство велат дека заминик министерот ќе биде повикан да даде исказ.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари. Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.

Здружението на работодавачи и Сојузот на стопански комори ја подржува одлуката за зголемување на мимималната плата на 14.500 денари истакнувајќи дека Владата била внимателна и одлуката е донесена низ процес на дијалог и консултации.

„Владата влезе многу внимателно влезе во овој процес. Ова покачување за некои сектори може да изгледа дека е повеќе, но треба да потсетиме дека со новиот закон придонесите се на товар на Владата. Се надевам дека овој процес многу внимателно ќе продолжи”, изјави Ангел Димитров претседател на здружението на работодавачи.

Повеќе од 20 милиони денари се индициите за затаен данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Управата за јавни приходи (УЈП) открила затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска со неколку поранешни министри и актуелни функционери од регионот дебатираше на панел дискусија посветена на политиките против сиромаштијата, во рамки на регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“.

-За пет години најмалку ќе знаме колку се трансформативни реформите, што ги спроведуваме. Овие социјални реформи се исклучително важни не само за да им овозможиме поддршка и услови за нормален живот на социјално ранливите семејства, туку и за да се подобри состојбата за сите граѓани, за да се задржат младите во државата и да се креира подобра перспектива за сите, истакна Царовска.

По првата рунда разговори помеѓу земјите членки на ЕУ за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, финското претседателство на маса официјално го стави раздвојувањето на преговарачкиот процес на двете земји, дознава МИА од дипломатски извори во Луксембург.

Информацијата е потврдена за МИА од три земји членки на ЕУ, но француски дипломатски извори тврдат дека „речиси нема шанса“ Франција да го прифати предлогот.

Со произнесување на оштетените денеска во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното рочиште правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и сите најавија имотно – правно побарување на отштета.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Работилница на ЦИВИЛ за Зелена иднина во Струмица

Денеска ЦИВИЛ во Струмица ја одржува последната од серијата работилници кои ЦИВИЛ ги организира во рамки на проектот Зелена иднина.

Работилницата во Струмица е одлична можност за сите општествено активни граѓанки и граѓани без разлика од каде доаѓаат, дали се дел од невладиниот сектор, или дел од некоја партија, да ги изнесат своите ставови и предлози за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот.

Конференција на ЦИВИЛ: Зелените доаѓаат!

Конференцијата „Зелените доаѓаат!“ во организација на ЦИВИЛ ќе се одржи на 25 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) од 12 до 14 часот. На конференцијата се поканети граѓански организации и иницијативи, политички партии, институции на национално и локално ниво, медиуми и сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

На конференцијата ќе се говори за предизвиците и можностите во областа на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, како и за нивната меѓусебна поврзаност и неделивост, за што цврсто се залага ЦИВИЛ. Понатаму, наодите од теренската работа на ЦИВИЛ, оценки, анализи и препораки за различни категории во државата и општеството, ќе бидат дел од агендата на конференцијата.

МИСЛА

Со железни чевли или боси по трње

„Макрон ни ги собу чевлите. На трнливиот пат за ЕУ, сега единствено само со железни. Можеме и боси ама така се стасува до никаде.

Денеска, утре, конечно ќе се знае, но веќе е сигурно дека ништо од датумот за почеток на преговорите. Барем не покана онаква комотна како што ја посакувавме.

Но добро, ниту ни е за прв пат, ниту е нешто за посебна тревога. Некако се неповолни само две работи: првата, што нема да има прослава и втората што кај и да е кај срдината на наредната година преговорите ќе мораме да ги почнеме…“, пишува Зоран Иванов.

Ангела Петровска

во соработка со: Диана Тахири, Маја Ивановска, Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ