• Latest

Зошто ни е крив Макрон, што ветуваше „пациентот“ и невидена правична застапеност на Албанците на лидерската кај Пендаровски

October 21, 2019
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто ни е крив Макрон, што ветуваше „пациентот“ и невидена правична застапеност на Албанците на лидерската кај Пендаровски

October 21, 2019 10:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ

Премиерот и министрите, се чини, без потреба, премногу време трошат во докажување и фалење дека многу пари од буџетот даваат за покачување на плати, разни субвенции, јавни инвестиции и слично…

*

Тие всушност ништо не даваат, зашто самата влада ниту креира ниту може да креира пари, туку само ја користи уставната надлежност од едни граѓани со даноци да зема и на други да дава.

Да дава плата од буџетот дури и на граѓани кои ништо не работат.

*

За Македонија многу побитно од тоа што вчера не ја доби поканата од ЕУ, е тоа што денеска Заев ја доби подршката од коалициониот партнер. Важно е за криминал и корупција и натаму да не се одговара.Месец јуни ќе има и наредните години.

*

После заклучокот дека “Европскиот Совет ќе се наврати на прашањето за проширувањето пред самитот на ЕУ во Загреб”, мирно можат да спијат сите  тие што Македонија ја донесоа “во многу тешка кризна ситуација”(Прибе).

*

Истите Макрон ги охрабри и со изјавата дека “политиката кон соседите не смее нужно да биде политика на проширување” и дека “нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла”.

По “кристално чиста препорака”, здравје.

*

Претседателот Макрон го остави без работа и Амбасадорот Жбогар.

*

Откога се пишуваат, во сите извештаи на ЕК, комесарите констатирале дека Македонија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите, освен спорот со Грција за името, за на крајот Макрон на сите да ни  кажува дека “наместо прашалници, треба да им дадаме нешто што ќе влијае врз нивното подобро живеење, а не само да им дадеме датум за преговори”.

*

После заклучокот дека “Европскиот Совет ќе се наврати на прашањето за проширувањето пред самитот на ЕУ во Загреб”, мирно можат да спијат сите  тие што Македонија ја донесоа “во многу тешка кризна ситуација”(Прибе).

*

Истите Макрон ги охрабри и со изјавата дека “политиката кон соседите не смее нужно да биде политика на проширување” и дека “нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла”.

Повеќе “кристално чиста препорака”, што две години ни ја најавуваше “пациентот”, здравје.

*

Ќе се најде ли сила што ќе го спречи СДСМ и на наредните избори со парите од буџетот, општините и јавните претпријатија, да ги плаќа гласачите на ДУИ, како што во минатото го правеше и ВМРО.

*

По пети пат со ред во  Македонија ќе се одржат вонредни избори без попис, без прочистен избирачки список, без една изборна единица и отворени листи, без ниту една ветена регорма, со илјади гласачи што се плаќаат од буџетот, со голем број корумпирани, осомничени и неказнети функционери, обвинители и судии.

После – виновен ни е Емануел Макрон.

*

Во Македонија неспоредливо поприсутна е Турција, отколку Франција, и на економски и на културен план.

*

Со бројот на “лидерите” кои беа присутни на средбата кај Претседателот, албанците го постигнаа рекордот на правичната застапеност.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ