• Latest

28 октомври: ДИК е подготвена за избори со отворени листи, Верушевски ја тужи државата…

October 28, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

28 октомври: ДИК е подготвена за избори со отворени листи, Верушевски ја тужи државата…

October 28, 2019 16:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот – Дерковски: ДИК е подготвена да спроведе избори и со отворени листи

Државната изборна комисија е подготвена да спроведе парламентарни избори по било кој модел за кој би бил постигнат договор меѓу политичките партии, вклучително и за модел со отворени изборни листи, изјави денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Ние како институција сме подготвени, додаде тој.  Функционираме континуирано и подготвени сме да го спроведеме она што ќе го договорат политичките партии.

Во врска со тоа кој изборен модел, според него, би бил најдобар, Дерковски истакна дека неговото мислење во суштина и не е релевантно, бидејќи тоа е договор на политичките партии.

Претседателот на ДИК потенцира и дека Избирачкиот список е во ред и оти во него нема т.н. фантомски гласачи.

Констатирани многу проблеми што го спречуваат учеството на лицата со попреченост на избори

Од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, кое и го изготви Извештајот, велат дека избирачките одбори немаат доволно вештини за поддршка на овие лица на самите избирачки места.

Благица Димитровска, претседателка на ИНКЛУЗИВА истакна дека како здружение препорачуваат Владата да преземе мерки за усогласување на законодавството со Конвенцијата на ОН, да се направат измени во Изборниот законик за обезбедување право на глас на лицата со попреченост кои живеат во установи или центри за рехабилитација, во местото на живеење, како и да се воведе критериум за пристапност до објектите каде се организира гласање. Се бара и веб страницата на ДИК да биде достапна за лица со попречености, да се направи едукација на избирачките одбори во однос на правата на лицата со попреченост, а ДИК да воведе посебна евиденција за овие лица како гласачи.

Верушевски ја тужи државата за неоснован притвор и бара 70.000 евра отштета

Зоран Верушевски, екс разузнавачот и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев ја тужи државата за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје.

Флеш вести

„Монструм“ – Убиството на децата и автомобилот од кој има траги на местото на убиството, а е однесен во близина на границата со Косово, покажува дека извршителите се професионалци. Оваа смс комуникација меѓу поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џељал Бајрами и лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска беше прочитана на рочиштето за „Монструм” за убиството на момчињата и рибарот што се случи кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

Филипче: Мерката со укинувањето на квотите покажува одлични резултати

Со имплементирање на оваа мерка, имаме задоволни пациенти и граѓани на територијата на цела држава. Мерка која одамна требаше да биде имплементирана, оваа Влада ја имплементираше со цел да го подобри пристапот до потребната терапија и квалитетот на здравствена заштита, потенцираше министерот Филипче и додаде дека ова е само еден сегмент од комплетната реформа која се имплементира на ниво на примарна здравствена заштита.

Мисла

Од корнер: Тешко на македонизмот

Од Зоран Иванов

„ Македонизам и патриотизам во изборни местенки, во уцени на гласачи, во сомнителни апсења, во фингирани судења. Македонизам на привилегии, на корумпирани и неказниви политичари. Слушнавме и видовме. Бомбите ги разобличија, ги разголија и нивните и неговите македонизми и нивните и неговите патриотизми.

Сега пак со истите финти. Патриотизам и македонизам. Онака на готово. Откако национално чувствителните, мачни, болни и трауматични работи како оние со двојазичноста и договорите со соседите за деблокада на интеграциите му ги заврши друг, сега, онака донкихотски, ќе ја обновувал државата, ќе го враќал македонизмот.“

ДПМНЕ-овски канибализам

Од Милан Банов

„Значи, со години го следевме „балот под зборови“ на оние кои работат, па и заработуваат од гласот и, барем за мене, тој „политички јазик“ на голем број македонски политичари, пред сè на оние од ВМРО-ДПМНЕ, не се разликуваше и не се разликува премногу од оној посочен во сјајниот социолошки есеј „Зборувате ли политички“ на др. Слободан Иниќ.

Нормално, тој е и сега актуелен, го потврдува и денешното заболување на говорот и прецизно ги означува фазите низ кои минува. На пример, првата нè загрижува, но веќе индицира дека лицето е инфицирано од болеста, која се манифестира преку симптомите “сè јасност” и “сезнајност”, што ќе рече, зборува за сè и знае сè, како резултат на лачење на жлездата скромност. Во втората фаза болеста зема замав, пациентот почнува да зборува  сè и сешто, а престанува функцијата на жлездата позната како интелегенција.“

Дијана Тахири во соработка со Ангела Петровска, Зоран Иванов и Милан Банов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ