• Latest

31 октомври: РСМ и САД го делат оптимизмот за успешно заокружување на евроатлантските процеси, обвинение против Стевчо Јакимовски, лажни вести…

October 31, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

31 октомври: РСМ и САД го делат оптимизмот за успешно заокружување на евроатлантските процеси, обвинение против Стевчо Јакимовски, лажни вести…

October 31, 2019 16:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев – Палмер: Северна Македонија и САД го делат оптимизмот за успешно заокружување на евроатлантските процеси

Потврда дека Северна Македонија и САД успешно го одржуваат и зајакнуваат воспоставеното стратешко партнерство во интерес на граѓаните на двете земји, како и во остварувањето на заедничките цели за демократски просперитет на регионот и во заедничките акции во борбата против тероризмот и екстремното насилство, е истакната денеска на средбата на премиерот Зоран Заев со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер.

На средбата, на која присуствуваше и американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз, Заев изрази благодарност за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во американскиот Сенат. Заев истакна дека земјата и натаму останува посветена на процесот за интеграција во ЕУ и дека во периодот што претстои ќе продолжат реформските процеси, одржување на атмосферата на релаксирани меѓуетнички односи, како и добрите односи со соседите.

На средбата заеднички беше констатирано дека е непоколеблива определбата на земјата за евроатлантските процеси и дека Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека ќе бидат успешно заокружени.

Поднесен обвинителен акт против 11 лица, меѓу кои и Стевчо Јакимовски

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави обвинителен акт против 11 лица, меѓу кои е и поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Флеш вести

Патник од автобусот на „Дурмо турс“: Возачот неколку пати зборуваше на телефон

„Автобусот по тргнувањето од Скопје неколку пати запираше да земе патници, но по наплатната рампа кај село Глумово нагло сврте кон лево и без никакви знаци на кочење удри и ги проби заштитните огради без да го промени правецот. Возачот неколку пати разговарал на телефон, но правилно го држеше воланот цело време додека автобусот ги пробива заштитните огради“, изјави еден од повредените патници, на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16, а 37 лица беа потешко повредени.

Млади правници со тужба пред граѓанскиот суд во Скопје за утврдување повреда на правото за здрава животна средина

Македонското здружение на млади правници соопшти дека во месец јули 2019 година поради континуираното аерозагадување, поднесе тужба пред Граѓанскиот суд во Скопје против Владата на РСМ, Министерството за животна средина и Град Скопје за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина, правото на здравје, право на приватност на личен и семеен живот и неповредливоста на домот и преземање на мерки.

Лажни вести

Разоткриена уште една манипулација, дезинформација и лага на дел од медиумите кои ја пренесоа лажната вест на лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, дека наводно шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ладнокрвно го одминува премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Мисла

Од корнер: Зоран Иванов

 Предизборни дијалози

Доминантната премиса е дека на луѓето не им се излегува на гласање. Помалку или повеќе од разочараност, малку од апатичност, малку од резигнираност. Малку и од инает, од оној наш домашен урбан, маалски. Мнозинството бараат промени во изборното законодавство, алтернативи за партиските монополи. Можност за персонален избор на партиски интегритети на сметка на колективиот, на партиски војници.

Други акцентот го ставаат на нужноста самите партиите да согледаат со кави очи јавноста гледа во нив. Да ја видат сѐ поголемата одбивност спрема партиските структури, особено поради привилегиите што ги нудат мандатите и уште повеќе поради злоупотребите што ги овозможуваат функциите. Барањата се тие да се модернизираат, да се демократизираат, да се европеизираат, раководствата дневно да се отвортат за своето членство и за граѓански критички реакции.


Дијана Тахири, во соработка со Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Зоран Иванов

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ