• Latest
Gavel and scales

6 ноември: Нови одлуки на Владата, правдата и судовите, посети, средби…

November 6, 2019
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

6 ноември: Нови одлуки на Владата, правдата и судовите, посети, средби…

November 6, 2019 16:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Gavel and scales

Gavel and scales

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата донесе одлука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование

Владата на РСМ на денешната седница ја прифати Информацијата на Министерството за образование и наука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование во 9-тиот степен на основното образование, во четири училишта, две во урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од учениците се од малцинските етнички заедници.

Пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да отпочне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата.

Судовите во Македонија се затворени за јавноста, не ги исполнуваат условите за транспарентност

Три години по ред судовите во Македонија покажуваат слаби резултати во областа на отвореноста на институциите, односно тие се затворени, исто како и судовите на државите од регионот, покажува истражувањето на проектот „ACTION SEE“ коешто го измерило нивото на отвореност на институциите за 2018 година.

„Нивото на отвореност на судовите во Северна Македонија за 2018 година е само 43 отсто. Иако се очекуваше дека електронскиот судски портал на РСМ во 2017 година ќе допринесе во зголемувањето на транспарентноста на судовите, истражувањето покажува големи разлики помеѓу судовите“, се вели во оценката на истражувачите на „ACTION SEE“.

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите дека во бегството на поранешниот специјалец се вмешани и некои полициски службеници, нагласи дека има разни шпекулации и оти полицијата не смее своите одлуки да ги темели на ниво на шпекулации.

Истакна дека вчера конечно Јавното обвинителство во Штип отвори истрага за да се види кој се е вклучен во тој процес.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Република Италија. Во Рим, претседателот Пендаровски на официјална церемонија беше пречекан од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела.

– Имавме средба со претставници на УПОЗ, договоривме одредени чекори кои заеднички ги преземаме со цел да се изнајде заеднички прифатливо решение и тоа ќе го работиме во периодот кој следи, во наредните две до три недели и верувам дека на крајот ќе излеземе со предлог кој ќе биде на општо задоволство, истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев.

– Процесот на ветинг во полицијата тече. Избран е моделот, формирана е работна група која ќе работи на тоа дали да се оди на нов закон или измена на законските решенија. Тоа треба да заврши до почетокот на следната година и оттогаш да почне проверката, истакна министерот за внатрешни работи одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Валандово, оценувајќи дека предвремените парламентарни избори нема да го пролонгираат тој процес.

– Само во првите шест месеци од годинава државните инспектори казниле 242 субјекти и загадувачи на животната средина, што е значително повеќе во однос на лани, кога биле изречени 110 казни, истакна денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на презентацијата на проектите од областа на животната средина, кофинансирани преку повеќе инструменти на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

– Прогресивниот данок не се укинува туку го ставаме во мирување. Во следниот период ќе се работи дизајн на оптимално решение што ќе биде фер, ефикасно и сеопфатно. Ова го истакнува министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Македонската телевизија.

– Многу лоша слика, што никогаш не сум видел. Имаше многу мртви и заглавени под автобусот што не можеме да ги извадиме, изјави еден од очевидците, жител на селото Ласкарци кој меѓу првите пристигнал на местото на превртениот автобус, на денешното судење за сообраќајната несреќа од 13 февруари годинава, во која животот го загубија 16, а 37 лица беа потешко повредени.

– Претседателот Стево Пендаровски идната недела ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, и ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

МИСЛА

Република во пламен

„Не сум сигурен кој би бил логичниот одговор на прашањето како, после десетици запалени автомобили само оваа година во Штип, да не може да се открие кој ги пали возилата? Истото се однесува и на организираното палење, за една ноќ, на десетина пластични контејнери во Скопје – како е можно веќе утрината да немаме приведени и осомничени за таков тежок и опасен вид на вандализам, со значителна материјална штета?“, пишува Сашо Орданоски.

Избори има да нема

„Не омекна толку срцето на Франција колку што Америка ја стисна својата натовска тупаница. По наглото свртување на францускиот реморкер под закана  на американската ласерска рампа од Вашингтон, попушта студенилото на Макрон. Тој сега само бара начин како елегантно да се извлече од своето ригидно не за проширувањето. Воедно е и многу погодно алиби да ретерираат и домашните тркачи по гласови. Макрон ги извади на предизборниот терен, Макрон ќе ги враќа во соблекувалната. Нема вонредни парламентарни“, пишува Зоран Иванов.

Ангела Петровска во соработка со: Дијана Тахири, Сашо Орданоски и Зоран Иванов. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ