• Latest

Премиерата на „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски го отвора 18. „Синедејс“

November 7, 2019
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
Украина, 17 септември 2026 (фото: Национална полиција на Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ УКРАИНА: 157 дронови, балистички и крстосувачки ракети, над 20 повредени, меѓу нив и деца

September 17, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Правете што повеќе зимница, се спрема изборна кампања

September 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Последна линија на одбраната

September 17, 2026
Изрекување првостепена пресуда за поранешните лидери на ОВК, 16 септември 2026 година; Фотографија: Специјализираните совети на Косово во Хаг

ВЛЕН и ДУИ ја оспоруваат праведноста на Хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

September 17, 2026
Мицкоски и Муцунски во Вашингтон, фотографија од ФБ профилот на премиерот, објавена на 16 септември 2026.

Дипломатија на лажичка: Јавноста заслужува повеќе од фотографии од Вашингтон

September 17, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Американски санкции за Москва, ЕУ со историска понуда за Канада, ОН предупредува на опасната трка во развојот на ВИ, жестоки битки и цивилни жртви во Украина

September 17, 2026

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиерата на „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски го отвора 18. „Синедејс“

November 7, 2019 09:12
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерата на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски, урбана драма за универзалната потрага по среќа и смислата на животот, вечер од 20 часот во кино „Милениум“ ќе го отвори 18. Фестивал на европски филм „Синедејс“.

Филмот е приказна за Леа – млада девојка која се бори за своето здравје. Додека си го преиспитува животот, таа почнува необична потрага по среќа и да го согледува влијанието што го има врз другите луѓе.

Ликот на Леа во филмот го игра младата Дејана Попоска, која живее и работи во Париз каде што студирала глума. Во актерската екипа се и Сашко Коцев, Ана Стојановска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

Режисерот Зафировски го напиша сценариото за филмот заедно со Дејан Дуковски и Огнен Георгиевски. Кинематографер е Димо Попов, монтажата на филмот ја направи Андрија Зафрановиќ, а композитор е Огнен Атанасовски.

 

Фестивалот ќе биде затворен на 15 ноември со филмот „Зад хоризонтот“ – македонско–швајцарска копродукција со француската актерка Летиција Каста во главната улога.

„Синедејс“ годинава има единаесет програми со повеќе од 100 филмови, како и придружна програма од десет работилници, предавања и мастеркласови и седум концерти и диџеј-сетови. Фестивалот ќе се случува во три киносали – „Милениум“, „Фросина“ и во Џебното кино на Младинскиот културен центар.

Покрај филмовите за награди во Официјалната и во програмата СинеБалкан, во деветте фестивалски дена ќе ја има и атрактивната гала-програма со најдобри и наградувани филмови на европските фестивали. Ќе бидат прикажани најнови остварувања на Џим Џармуш, Вуди Ален, Франсоа Озон, Фатих Акин, Роман Полански, браќата Дарден, Педро Алмодовар…

„Синедејс“ ќе се приклучи кон светското одбележување 50 години од првото емитување на комичната серија „Летачкиот циркус на Монти Пајтон“ на Би-би-си во 1969 година и специјален гостин на фестивалот ќе биде Стив Абот, долгогодишен соработник и продуцент на филмските остварувања на групата.

 

На Стив Абот на „Синедејс“ ќе му биде врачена награда за животно дело за работа со Монти Пајтон, а тој ќе одржи мастерклас на 14 ноември. Ќе бидат прикажани пет филма на „Монти Пајтон“: „Смислата на животот“; „Монти Пајтон и Светиот грал“; „Житието на Брајан“; „Монти Пајтон во живо од Холивуд Боул“ и „А сега, нешто сосема поинакво“.

Во програмата на музичките документарни филмови, премиерно ќе биде прикажан „Небеска тема” посветен на животот и музиката на Влада Дивљан, со гости од филмот и концерт на групата „Звук улице“ – неговиот прв бенд, пред „Идоли“. Премиерата ќе биде придружена со изложбата „Влада“ на фотографката Горанка Матиќ, која ја следела неговата кариера.

Во оваа програма премиерно ќе биде прикажан и македонскиот музички документарен филм „Ќеиф” во режија на Блаже Дулев, кој го следи развојот на чалгијата во земјава, како и филмот „Туста“ посветен на пејачот на групата „КУД Идијоти“, со промоција на „Живот са идијотима“, автобиографска книга на поранешниот басист на панк-составот од Пула – Ненад Маријановиќ, Д-р Фриц, кој и ќе гостува во Скопје за промоцијата на книгата.

Во музичката програма премиерно ќе биде прикажан и филмот „Стакло“ во режија на Нина Маџиров, која го посветува на својот татко, изведувачот Зоран Маџиров.

 

И оваа година македонските кратки филмови ќе се прикажуваат пред филмовите од Официјалната селекција и програмата СинеБалкан во киното „Фросина“.

Студентската програма има специјално селектирани студентски филмови од регионалните филмски академии, а во рамките на програмата за најмладите повторно со бесплатни проекции на детски филмови. Новитет оваа година е воведувањето на Програмата за млади (тинејџерски филмови). Земја во фокусот е Швајцарија со четири филма во програмата.

Програмата „МК во ЕУ“, пак, ќе прикаже најнови европски филмови во кои македонски продукциски куќи имаат малцинско учество: „Полусестра“ на Дамјан Козоле; „Глас“ во режија на Огнен Свиличиќ, „Покрај маглата“ на Горан Паскаљевиќ  и „Пијавици“ на Драган Маринковиќ.

Ќе има и придружни настани, работилници, концерти, како и специјален настан на 16 ноември, ден по завршување на фестивалот, кога ќе биде презентиран проектот „CON FRONT“.

Покрај наградите за филмовите од натпреварувачките селекции, годинава „Синедејс“ воведува и нова награда – за најдобра филмска музика на авторски филм.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ