• Latest

Промовирана „Граматиката на современиот ромски јазик“

November 7, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Промовирана „Граматиката на современиот ромски јазик“

November 7, 2019 13:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Една од суштинските димензии на инклузивните општества е толеранција и почитување и поттикнување на културната разноличност. Постои потреба и да се креираат позитивни приказни за едно инклузивно општество еднакво за сите и за иднината. Една таква успешна приказна е „Граматиката на современиот ромски јазик“, која заедно со „Речникот на ромски јазик“, кој е во подготовка, се публицистички дела кои се темелници на јазичната култура и наука на секоја заедница.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“, во издание на Матица Македонска, а чии автори се Љатиф Демир, Фатиме Демир и Невсија Дурмиш.

Заев посочи дека станува збор за капитално дело кое со опфатот на сите битни граматички прашања на ромскиот јазик може да послужи како основа во создавањето материјали наменети за училишната практика во образовниот процес и дава можност на секој поединец, секој што самостојно го учи ромскиот јазик или сака да го усоврши, да се запознае со неговите основни граматички особини.

 

Публикувањето на оваа граматика има за цел да придонесе и во стандардизацијата на литературниот ромски јазик, како и да укажува на особеностите на дијалектниот изговор како посебно богатство на ромскиот јазик. Истовремено, оваа граматика ќе послужи како солидна основа за натамошна научна работа, анализи и истражувања и за создавање нови дела што ќе го трасираат ромскиот јазик.

Премиерот потенцира дека кога го одбележуваме 5 ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, сите ние застануваме со ромскиот народ и ја славиме културата на Ромите како дел од нашето, македонско културно богатството, и богатство на целото човештво.

– Да не заборавиме, припадниците на ромската заедница од Република Северна Македонија, имаа пресудна и одлучувачка улога во официјализирањето на ромскиот јазик во мапата на јазиците на народите на светот со иницијативата на професорот Јусуф Шаип. Тој го посвети целиот свој живот на стандардизацијата на оригиналниот ромски јазик, и за негово вклучување во образованието. Денес неговите следбеници го продолжуваат неговото дело во интерес на вредностите на ромската заедница, додаде премиерот Заев.

Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, Музафер Бајрам рече дека како и за многу други работи поврзани со основните човекови права, така и во однос на јазикот, предничат Ромите кои за свој постојан дом и татковина ја имаат нашата земја. Во нашиот ген, посочи тој, е кодирана нашата желба за постојани патувања и запознавања на нови простори и региони.

 

– Меѓутоа во последните години тука кај нас и во Европа и пошироко доминира либералната социјалдемократска идеја. Се помалку талкаме по белосветските беспатија, затоа што тука во нашата единствена татковина ние сме на вистинскиот пат. И овој пат не е лесен, тешкотии има и ќе има, но се додека пред нас свети светилникот на обединета Европа, ние сите заедно остануваме на тој пат од една единствена причина, Друг пат немало и ќе нема, и затоа уште еднаш сите заедно напред, додаде Бајрам.

Еден од авторите на „Граматиката на современиот ромски јазик“, Љатиф Демир истакна дека создавањето вакви дела не значи само големи напори и вложен труд во нив, туку претставува и огромна одговорност кон она што значи идентитет на еден народ, а тоа е јазикот.

– Во Граматиката се укажува на особеностите на дијалектниот изговор наспроти тоа што се налага како норма во литературниот изговор и правопис на ромскиот јазик. Тоа се прави со цел полесно усвојување на стандардниот јазик, токму преку воочување на овие разлики. Во Граматиката се опфатени сите битни граматички прашања на ромскиот јазик. Опфатот на материјалот и начинот на неговото третирање може да послужи како основа во креирањето на материјали наменети за училишната практика, од кои кај нас се чувствува голема потреба, рече Демир.

 

Една од задачите на оваа Граматика, појасни Демир, е да им помогне на нејзините корисници да ја совладаат ромската граматичка терминологија, а тоа е особено важно за корисниците Роми кои имаат многу скромно искуство во нејзиното користење.

Тој додаде дека се подготвува речник со цел да се задоволат најнеопходните потреби кај сите заинтересирани установи и поединци (наставници, ученици, студенти, преведувачи и други) кои го изучуваат ромскиот јазик или секојдневно го применуваат во својата работа и ја опфаќа лексиката на современиот литературен ромски јазик, како и одреден број зборови од разни научни области.

По завршувањето на обраќањата пратеникот Самка Ибраимоски им врачи по еден примерок од „Граматиката на современиот ромски јазик“ на премиерот Заев, министерот за култура, Хусни Исмаили и на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ