• Latest
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ сака „без нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

1687. ден од руската инвазија со целосни размери

October 7, 2026 11:10
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот агресор изврши масовен ракетен и дронски напад врз Украина во текот на ноќта и утрото на 7 октомври. Според ажурираниот биланс што го соопшти претседателот Володимир Зеленски, загинале најмалку 11 лица. Погодени се станбени згради и инфраструктура во Кијив и повеќе области, а во Прилуки продолжува потрагата по луѓе под урнатините.

Прилуки: Пет загинати, меѓу повредените се и пет деца

Руска ракета утрово погоди петкатна станбена зграда во Прилуки, во Чернихивската област. Нападот се случил околу шест часот, додека жителите сè уште спиеле. Полицијата извести и за погодени Центар за детско и младинско творештво и претпријатие.

Според поновиот биланс, во Прилуки загинале пет лица, а 26 се повредени, меѓу нив пет деца. Спасувачите непрекинато ги расчистуваат урнатините, под кои сè уште може да има луѓе. Овие податоци го дополнуваат претходниот утрински извештај за четворица загинати и 20 повредени.

Комбиниран напад со ракети и 130 дронови

Украинските Воздухопловни сили соопштија дека Русија употребила ракети „Циркон“/„Оникс“, балистички ракети „Искандер-М“/С-400/KN-23, 48 крстосувачки ракети и 130 беспилотни летала, меѓу кои 46 „Шахед“ со млазен погон.

До 09:00 часот по украинско време биле неутрализирани 161 воздушна цел: 44 ракети и 117 дронови. Регистрирани се погодоци на 18 локации и пад на остатоци на уште пет. Главните правци на нападот биле Кијивската, Харкивската, Полтавската и Днипропетровската област.

Дир: На Украина ѝ е потребна ПВО, на Русија – санкции и одговорност

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на платформата X порача:

„рф нападна со „Циркон“ и балистички ракети „Искандер“, 48 крстосувачки ракети, 130 дронови. Ракетен напад врз Прилуки–руските варвари утрово погодија станбена зграда додека луѓето сè уште спиеја. На 🇺🇦 ѝ е потребна ПВО, на рф–санкции и јасен сигнал за неизбежноста на одговорноста“.

Жртви и разурнување во повеќе градови

Според извештаите, во Кијив загинале две лица, а уште две во Олександрија. Во Кременчук се пријавени двајца загинати и осум повредени, со оштетени четири повеќекатници. Во Днипро се оштетени пет станбени згради, а во Запорижжја дрон погодил повеќекатница.

рф нападна со „Циркон“ и балистички ракети „Искандер“, 48 крстосувачки ракети, 130 дронови. Ракетен напад врз Прилуки–руските варвари утрово погодија станбена зграда додека луѓето сè уште спиеја. На 🇺🇦 ѝ е потребна ПВО, на рф–санкции и јасен сигнал за неизбежноста на одговорноста https://t.co/2rN6V8W8NA

— Larysa Dir (@dir_larysa) October 7, 2026

На фронтот: 202 борбени судири

Според утринскиот извештај на украинскиот Генералштаб, во текот на 6 октомври се регистрирани 202 борбени судири. Украинските сили пријавија 27 запрени напади на покровскиот правец, 14 руски напади на костјантинивскиот и 13 одбиени напади на хуљајполскиот правец.

Во истиот период, според украинската команда, руските сили извршиле 85 воздушни удари и употребиле 278 наведувани авиобомби.

ЦМ Деск

Овој преглед е подготвен според извештаите достапни претпладнето на 7 октомври. Податоците за жртвите и штетите се дополнуваат.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ