• Latest
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026 12:12
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Марта Кос

Марта Кос

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија подготвува нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото во случај новите членки по приемот во Унијата да започнат да ги нарушуваат европските демократски стандарди.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, најави предлог според кој идните членки на ЕУ би биле под посебен режим на заштита во период од 15 години по пристапувањето. Во тој период, доколку сериозно ги прекршуваат демократските принципи или принципот на лојална соработка со Унијата, би можеле да се соочат со суспензија на гласачките права или со замрзнување на европските средства.

„Нема повеќе Виктор Орбан“, изјави Кос во интервју за The Guardian и други европски медиуми.

Таа нагласува дека ЕУ има потреба од побрзи механизми од постојната процедура според членот 7 од Договорот за ЕУ.

Поуката од Унгарија и Полска

Членот 7 предвидува можност членка да биде лишена од гласачките права во Советот на ЕУ доколку постои „сериозно и постојано прекршување“ на европските вредности.

Механизмот, сепак, никогаш не бил доведен до својата крајна санкција. Постапките против Унгарија и Полска се одолговлекуваа, а политичките сојузи меѓу двете земји значително ја отежнаа можноста за едногласна одлука за најстрога санкција.

Токму ова искуство Брисел сега сака да го земе предвид при идните проширувања.

Според новиот предлог, прагот за активирање санкции би бил понизок, со што Унијата би можела побрзо да реагира доколку нова членка отстапи од демократските стандарди, владеењето на правото или принципот на искрена и лојална соработка со ЕУ.

Еден европски претставник за The Guardian го опишал механизмот како „голема иновација“, но и како порака до граѓаните во земјите каде постои скепса кон понатамошното проширување дека ЕУ ќе има силна заштита и доколку по приемот на нова членка „нешто тргне наопаку“.

Не би имало членки од „прва и втора класа“

Кос, сепак, признава дека посебниот механизам мора да има временско ограничување.

„Ако оваа заштита би била неограничена, би дошле до ситуација во која имаме членки од прва и втора класа“, вели таа.

Оттука, 15-годишниот период би претставувал своевидна транзиција во која новата членка би била под засилен демократски надзор, но на крајот би добила целосен статус како и останатите членки.

Предлогот допрва треба да биде разгледан и одобрен од земјите-членки на ЕУ.

Нов импулс за проширувањето

Иницијативата доаѓа во момент кога проширувањето повторно се враќа високо на политичката агенда на ЕУ.

Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина се меѓу земјите што во моментов се сметаат за најнапредни кандидати или потенцијални кандидати во процесот на интеграција.

За Брисел, проширувањето повеќе не е само прашање на институционално и економско интегрирање на нови земји, туку и геополитичка битка за влијание во европското соседство.

„Проширувањето е наш стратешки интерес“, вели Кос, предупредувајќи дека доколку ЕУ не успее да го интегрира своето соседство, „некој друг ќе дојде“ и ќе се обиде да го искористи тоа соседство против Унијата.

Русија и Кина како фактор

Кос директно ги посочува Русија и Кина како надворешни сили кои настојуваат да го зголемат своето влијание во земјите што се стремат кон членство во ЕУ.

Според неа, Русија вложува значителни средства во обиди да ги одврати кандидатите од европскиот пат, додека Кина го користи своето економско влијание и инвестициите како инструмент за продлабочување на своето присуство.

Во тој контекст, проширувањето за Брисел станува дел од пошироката борба за демократско, економско и геополитичко влијание во Источна Европа и Западен Балкан, објави The Guardian.

Подготви: Б. Јордановска


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ