• Latest

8 ноември: Обвиненија, договори, предлог-измени во Изборен законик, нов семинар на ЦИВИЛ….

November 8, 2019
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Фотографија: МИА архива

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

May 16, 2025
Фото: Скриншот од лајв видео на ВВС

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

May 16, 2025

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

May 16, 2025

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

May 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

8 ноември: Обвиненија, договори, предлог-измени во Изборен законик, нов семинар на ЦИВИЛ….

November 8, 2019 17:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Судот го прифати обвинението за „Рекет“

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати обвинението за случајот „ Рекет“, отфрлајќи ги приговорите на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

„Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по
приговорите на обвинителниот акт поднесени од  Б.Ј., К.Ј. и З.М., на не јавна седница одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое: Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

МОН и СОНК постигнаа договор за повисоки плати на наставници од 1 јануари 2020

Вработените во основното, средното и високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, договорено е на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков.

По едно и полчасовната средба министерот Адеми изјави дека се работи за историски момент затоа што ова е трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека се работи кумулативно за зголемување од 21,3 проценти во еден мандат. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Поднесени предлог-измени на Изборниот законик – една изборна единица на парлемантарни и отворени листи на локални избори

Иницијативата за една изборна единица денеска поднесе два предлога за измени и дополнувања на Изборниот законик, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката Лилјана Поповска.

„Во првиот предлог побаравме да се направи промена од шест изборни единици на една изборна единица, а во вториот внаесовме отворени листи на локалните избори, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите“, изјави Поповска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Откако текстилниот кластер упати до јавноста и институциите свои барања инспирирани од предлогот за покачувањето на минималната плата, текстилните работници во организација на „Гласен Текстилец“ од Штип исто така формираа своја листа на барања, од кои дел се упатени до институции, но поголемиот дел од нив се однесуваат до работодавачите кои ги прекршуваат работничките права. По тој повод „Гласен Текстилец“, заедно со работничките од текстилната индустрија најавуваат протест на 10 ноември во недела, во 12 часот во кругот на Астибо, односно на локација каде што се наоѓаат поголемиот број на текстилни конфекции во Штип.

Влогот во младите иноватори е влог во нашата иднина. Од интерес на нашата држава е македонските пронаоѓачи да го најдат своето место во нашите научни и образовни институции и активно да придонесуваат за својата татковина, порача денеска претседателот Стево Пендаровски, на отворањето на МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“ организиран од Светскиот економски форум во Женева, денес оствари средба со МНР на Шпанија, Жозеп Борељ, номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Исклучително висок процент на родители кој се движи помеѓу 82% и 96% прифаќаат младите да изучуваат теми кои се дел од сеопфатното сексуалното образование, покажува истражувањето на невладината организација ХЕРА.

Собранието што побргу да го заокружи изборот на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на јавниот сервис МРТ затоа што веќе во февуари ќе се распушти поради предвремените парламентарни избори, а Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и да биде потранспарентна, меѓу останатото, за тековното разрешување на раководството и да прекине со праксата за донации.

Меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Уште еден динамичен семинар за транспарентност и одговорност во Кавадарци

ЦИВИЛ го најавува третиот регионален семинар за транспарентни и одговорни политички процеси кој ќе се одржи на 17 ноември во Кавадарци.

Овие регионални семинари на ЦИВИЛ се одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат активно да се вклучат во општествениот живот како коректив на институциите и власта.

Право на учество имаат апликантите од општините во Вардарскиот регион: Велес, Лозово, Свети Николе, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росоман и Чашка.

МИСЛА

Макрон во прегратките на Трамп и Путин

„Патем, овој „малиов Шенген“ неодоливо ме потсетува на една квазимодо-југословенска идеја која по распадот на Југославија овде силно ја промовираше Срѓан Керим, со нагласена француско-српска поддршка. Дури и кај Глигоров во тоа време таквата упорност создаде одредени забуни. Баш ме интересира кои се структурите околу Заев кои денеска него го „грејат“ за сличнава идеја? (Ме лаже сеќавањето или имаше некаква апокрифна средба на Заев со Керим неодамна во САД…?)“, пишува Орданоски.

Цигани ни паѓаат од небо

„Пред ден, два низ медиумите прелета многу грда вест. За дискриминаторски навреди на една цела наша етничка заедница. Некој таму во образовните коридори создаде или пак некој таму намерно подметна содржини во кои Ромите се нарекуваат Цигани. И да е само тоа. Туку и дека се лажливци, мрзливци, неработници. И дека се нечисти, просјаци, бездомници, скитници, крадци. Сликовита содржина нотирана, додуша во литературна, еве да речеме во некаква уметничка творба. Во „Македонски хумористични народни приказни“. Баш убав некој хумор во некаква школска лектира од пред сто години. Подбивливи смешки за деца од единаесет, дванаесет години.  И државните образовни селектори ептен го трефнале изборот. Програмски содржини истресле како од ракав. Полн образовен погодок. Баш онака сочно дискриминаторски, потценувачки, понижувачки, трауматично“, пишува Зоран Иванов.

Самите ќе пропаднат во ќенефот на времето

„Бесполезна е таа битка со времето и со сеќавањата на луѓето за тоа што го прават криминалните умови. Тоа се мрачните ликови кои ги гледаме насекаде и секој ден, луѓе чија единствена цел е да се збогатат и да се извлечат од заслужената казна. Ниедна цена, ниедна жртва не е висока за нив, ни животот и достоинството на луѓето, ниту достоинството и напредокот на државата, па ни нејзиниот опстанок. Работат упорно да ја уништат државата за која велат дека би умреле за неа, прават селфи фотографии со по три прстиња, а цивкаа и молеа во судница, правдајќи се дека само носеле вода…“, пишува Џабир Дерала.

Ангела Петровска во соработка со: Биљана Јордановска, Дијана Тахири, Маја Ивановска, Зоран Иванов, Сашо Орданоски и Џабир Дерала. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ