• Latest

Зошто Ставрески сакаше да му ја скрши главата на Груевски и други кратки приказни

November 15, 2019

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто Ставрески сакаше да му ја скрши главата на Груевски и други кратки приказни

November 15, 2019 10:52
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ

НЕМА СОМНЕНИЕ

Нема сомнение дека СДСМ на крајот ќе се определи за изборен модел кој му одговара на ДУИ, односно да остане досегашниот модел.

ЈАЗИК ЗА АМНЕСТИЈА НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ

Доколку искрено беше приоритет на ДУИ употребата на албанскиот јазик, зошто во текот на заедничката власт со ВМРО, кога имаа двотретинско мнозинство во собрание, не го донесоа овој закон, туку доволна им беше само амнестијата на хашките случаи, со што Груевски го оставија намира во текот на целиот мандат, како што вели и тој самиот во една „бомба“: „да бидеме раат цел мандат“.

НА СИТЕ ЛИ ЛЕКНА…

Со изјавата на Б. Османи на АЛСАТ-М, дека земјата ќе ја прифати новата методологија што ќе ја предложи Франција, се отстранува уште една сериозна пречка за почеток на преговорите за зачленување на Македонија во ЕУ.

Време на љубов и омраза (Груевски, десно, Ставрески, лево)

ЗОШТО СТАВРЕСКИ САКАШЕ ДА МУ ЈА СКРШИ ГЛАВАТА НА ГРУЕВСКИ

Пред да ветува подобра економска политика кога ќе дојде на власт, Мицкоски нека го праша Зоран Ставревски зошто во моменти му идеше да му ја скрши главата на Груевски, зашто го тера, и кога немаме за леб, да купуваме чоколада, или околу една милјарда евра да се фрлат покрај Вардар во строгиот центар на Скопје.

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ

Не се случило тоа многу одамна, за да се заборави каква економска политика ВМРО водела кога со ДУИ беа во заедничка власт. Мицкоски треба од таа политика или да се оградува или да ја подржува, зашто последиците ќе ги чувствуваме уште долго време.

Емануел Макрон

ПРОБЛЕМИТЕ НА МАКРОН

Сега испадна дека ние да не сме ти биле толку голем проблем за Макрон.

РЕФОРМИТЕ ЗА НЕКОИ ЗНАЧАТ ОДЕЊЕ В ЗАТВОР

За жал на тие што денес во Македонија се на власт, на памет не им паѓа, не да го променат постојниот изборен модел, туку нема да направат ниту било која друга реформа, зашто на многумина од нив реформата значи да завршат во затвор.

Талат Џафери

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГРУБО ЈА ПОПРЕЧУВА ПРАВДАТА

Талат Џафери, по спасувањето на Трајко Велјаноски од притвор, со тоа што на обвинетите пратеници на ВМРО и ДУИ, со сосема неубедливи изговори, им овозможува да не се појават на судско рочиште, продолжува грубо да ја попречува правдата. После, Тимоние ни е виновен.

УСЛОВИТЕ ШТО НЕ БЕА ИСПОЛНЕТИ

Од амбасадорот на Франција во Белград, Луи Фалконе, меѓу другото, дознавме и дека од Македонија било побарано реформа на СЈО, додека од Албанија реформа на правосудството: „Беа поставени одредени услови и тие услови не беа исполнети“.

Михаел Рот

СКЕПТИЦИ

Од своја страна, најголемиот поддржувач на Македонија и Албанија, Германецот Михаел Рот, сугерира дека „Македонија и Албанија мора ангажирано да продолжат со своите реформски напори. Тоа е најдобриот сигнал до сите скептици“. По сѐ изгледа бројот на скептиците од ден на ден (ќе) расте.

ПАРИТЕ ЗА ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИЦИ ШТО НЕ ОДАТ НА РАБОТА

Министерката за финансии ни кажа дека „сега од министерството ќе го забрза растот на нашата  земја со примена на дигиталните технологии во сите области во живеењето“. Таа верува дека дигитализацијата е решение за многу проблеми.

Затоа, таа е многу наклонета кон дигиталната технологија, дигитализацијата и користењето на дигиталните технологии во Владата, секаде каде што тие можат да дадат вредност. Додава уште и дека сите ние можеме да се справиме со предизвиците да се решат проблемите користејќи ја технологијата.

Иако не спомна дека со дигитализацијата во иднина сигурно полесно ќе го изврши и трансферот на парите од буџетот до избирачите на партијата на власт кои не доаѓаат на работа.

СПОЈУВАЊЕТО НА ДРЖАВАТА СО ПАРТИЈАТА

На Премиерот му останува уште само да најде кој ќе ја врши должноста министер за финансии додека таа го забрзува “растот на нашата земјата”. Премиерот Заев должен е јавноста да ја информира дали со негово знаење и дозвола функционери на една партија на власт, ги повикуваат државните службеници на состанок во седиштето на партијата за да им дадат упатства за нивната идна работа.

Дали ова значи дека Премиерот и овие функционери ги заборавиле наодите на групата на Прибе со кои, меѓу другите, со скандалот со прислушкувањето, се потврди и спојувањето на државата со партијата.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ