• Latest

12 ноември: Пендаровски се сретна со Макрон, предлог-буџет за 2020 година, Холандија го ратификуваше Протоколот за НАТО…

November 12, 2019

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

12 ноември: Пендаровски се сретна со Макрон, предлог-буџет за 2020 година, Холандија го ратификуваше Протоколот за НАТО…

November 12, 2019 16:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Макрон го уверил Пендаровски дека не нуди алтернатива на ЕУ за Скопје, но бара време

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, по средбата со неговиот француски хомолог Емануел Макрон, порача дека има „отворен и динамичен“ разговор, но гаранции за датумот од Париз сѐ уште нема. Макрон бара време за внатрешната реформа на ЕУ.

Претседателот Пендаровски ги изложил своите аргументи пред Макрон, и ги слушнал неговите. Според Пендаровски, Франција веќе поднела неформален предлог (нон-пејпер) до земјите членки на ЕУ за реформата на методологијата на пристапните преговори за членство, реформа која Макрон ја бара пред да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија.

Холандскиот сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Информација на неговиот Фејсбук профил ја сподели министерот за надворешни работи Никола Димитров.

По добивањето зелено светло од Холандија, Протоколот за НАТО ќе треба да го ратификуваат уште Франција и Шпанија со што земјава и формално ќе стане 30 полноправна членка на Алијансата.

Буџетот за 2020 година изнесува 3.615 милијарди евра

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор. Педесет и шест отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.

Лиле Стефанова не му одобри нов пасош на Камчев

Поранешната специјална обвинителка, Лиле Стефанова, не се согласува Орце Камчев да добие привремен документ со кој би патувал во странство поради бизнис средби. До Кривичниот суд е препратено негативно мислење на барањето на Камчев, потврдуваат од Обвинителството.

Камчев побара од судот нов привремен пасош, бидејќи претходниот, што го доби од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и беше со траење од 6 месеци му истече пред неколку дена.

Јордан Камчев пред Кривичен суд

Владата ги повлече предлог измените на Законот за јавни собири

По реакциите во јавноста за новите предлог измени на Законот за јавни собири кои Владата ги предложи до Собранието на Република Северна Македонија, таа експресно ги повлече овие предлози.

„Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Вицепремиерот за еврпски прашања Бујар Османи смета дека се уште постои силна солидарност во ЕУ околу одредувањето на датумот за преговори со Северна Македонија, иако земјите-членки имаат многу внатрешни проблеми.

Премиерот Зоран Заев и минисерката за финансии, Нина Ангеловска истакнаа дека следната година сите кредити што ќе ги земе државата се за враќање на претходно подигнати кредити и за покривање на дефицитот од 2,3 отсто и нема да има задолжување за плати, пензии и социјални издатоци.

За одбраната се предвидени над 10 милијарди денари во новиот Предлог-буџет, усвоен на денешната владина седница. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека со тоа „се приближуваме до зголемувањето од 0,2 процентни поени од бруто домашниот производ“, односно практично се приближуваме до 1,4 отсто, имајќи пред вид дека обврската преземена за оваа година е 1,39 проценти од БДП.

Потребите за вработување ги дефинираат институциите, а не Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Огласи за нови вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат. Нема да се стопираат вработувањата заради изборите, бидејќи институциите имаат потреби. Тоа е жива материја, луѓе си одат и луѓе доаѓаат, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот (8 ноември) кога во кругот на фабриката „ОХИС“ истече вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер, прецизираат надлежните, кои според Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци Екоцентар 97 ДООЕЛ, треба да вршат контроли и ако постапките не се спроведени согласно со законот и елаборатот за заштита на животна средина, ако утврдат пропуст, да бараат одговорност.

МИСЛА

Понижени, навредени, победници?

 пишува: Сашо Орданоски

Опозицијата ја има погрешено насоката („на крив пат“?!) по која се движи во надеж за изборен успех: и покрај совршената пропагандна машинерија за ширење дискредитации и лоши и лажни вести, оваа стероидна опозициска кампања составена од баби-нарикачи за секоја тема и за секој проблем го нема потенцијалот за поттикнување масовна јавна амнезија за фактот кои се причините и кои се оригиналните актери за најголемиот број проблеми за чие решавање, без сомневање, сегашната власт не покажува вештина и знаење на потребното ниво.

Голема мака со малиот Шенген

пишува: Зоран Иванов

Најди им го крајот на националистиве. Кога си копавме очи балкански, беше арно. Сега, кога си подаваме рака европски, не е на арно. Кога си ги отвориме домовите за соседите и кога и тие ги отвораат за нас, пак не чини. Нешто пак ни се подготвува. Заговор, план да нѐ уништат, да нѐ снема. Европа и САД од нас ќе прават Голема Албанија, ќе нѐ компензираат на Србија за Косово. Тоа што подаде рака на српскиот претседател, албанскиот премиер Рама дома го прогласија за непожелна персона. Тоа што српскиот претседател Вучиќ му возврати, неговите националисти го прогласија за издајник на својот род. Тоа што македонскиот премиер Заев ги угости, овдешните квази патриоти пак го етикетираа како предавник.

Дехран Муратов во соработка со: Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Диана Тахири и Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ