• Latest

20 ноември: пораки, закани, истраги, домашен притвор и транспарентност

November 20, 2019
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

20 ноември: пораки, закани, истраги, домашен притвор и транспарентност

November 20, 2019 16:17
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Јанева во домашен притвор, Рускоска најави финансиска истрага против судиите кои ја донесоа одлуката

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева обвинета во случајот „Рекет“ е пуштена во домашен притвор по одлука на Апелацискиот суд, а јавната обвинителка Вилма Рускоска која го води случајот најави покренување на финансиска истрага против судиите кои донеле ваква одлука.

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“. СМС порака со оваа содржина, како што соопшти денеска Апелацискиот суд, испратила јавната обвинителка Вилма Рускоска до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелација, во врска со донесената одлука за пуштање на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во домашен притвор.

Апелацискиот суд во Скопје денеска одржи итен колегиум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет.

Колегиумот, како што се посочува во соопштението од Апелација, во оценил дека искажаните сомневања на Рускоска се паушални, неосновани и грубо мешање во работата на судот.

Трошењата на државата на увид на јавноста преку веб платформата „Отворени финансии“

Трошењата на државните пари од денеска се на увид на јавноста. Преку веб платформата „Отворени финансии“ може да се погледнат сите плаќања на државните институции и примателите на средствата. Достапни се трошењата од 2010 година наваму, а во иднина ќе се објавуваат податоците на 15 дена.

Новата веб-платформа „Отворени финансии“ ја презентираа денеска премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Владата ја усвои Стратегијата за транспаретност 2019 – 2021

Владата ја усвои Стратегијата за транспаретност за периодот 2019-2021 година со Акциски план која е насочена кон унапредување на амбиентот за транспаретност и доверба во работата на институциите во пресрет на интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.

Стратегијата, како што соопшти попладнево владината прес- служба, е донесена на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

ФЛЕШ ВЕСТИ

По повод Светскиот ден на детето и одбележувањето на 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, денеска во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Сите Сме = Во Правата“, на кој учествуваат деца од градинки, основни и средни училишта од повеќе градови од Републиката.

Основниот кривичен суд во Скопје денеска му изрече една и пол година затвор на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски, кој се наоѓа во бегство во Грција, во повторената постапка за случајот „Тврдина 2″.

Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето за давање согласнот за издавање на пасоши со ограничен рок на важење за Јордан Камчев и Цветан Панделевски, кои се обвинети во случајот „Империја“.

Синдикатот на УПОЗ денеска испрати писмо до министерката за правда во кое бара таа да се заложи и да помогне во надминување на проблемите во судството кои се причина за незадоволство и штрајкови.

Љубе Бошкоски, кој денеска сведочеше во случајот „Тортура“, направи паралела меѓу неговиот случај и најновите откритија за злоупотребите во изборната кампања на претседателските избори оваа година. „Ревизорот откри дека кампањата за Гордана Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ е непокриена 400.000 евра. Очекувам, во една транспарентна судска постапка да се докаже дека Јанушев и други во ВМРО-ДПМНЕ, извршиле дело спротивно на Изборниот законик“ – изјави Бошкоски.

Под мотото „Насилството раѓа насилство“ денеска започна кампања за спречување на насилството од каков било вид, со посебен осврт на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза, на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи, во која се вклучи и Градот Скопје.

Трансродовиот ден на сеќавање, познат и како Меѓународен трансродов ден на сеќавање, се одбележува секоја година на 20 ноември, како ден за спомен на оние што биле убиени како резултат на трансфобија. Овој ден се одбележува со цел да се сврти вниманието кон континуираното насилство кон трансродовите луѓе. 

ВИДЕО КОЛУМНА Приказна за европските интеграции, медиумите и лажни вести

Ненад Јовановиќ. активист и колумнист, преку видео колумна разработува две актуелни теми, кои меѓусебно се надополнуваат – европски интеграции, преку промена на името и решавањето на деценискиот билатерален спор со Грција и медиумското покривање, лажните вести и дезинформации.

МИСЛА

Во денешната колумна на Орданоски пишува: „Целиот државен апарат се стави на комплетна услуга на г. Јордан Камчев, за тој да ја добие правната сатисфакција во овој случај. Од таа услужливост дури и се гради правен случај, за власта пред меѓународната заедница да докаже дека правната држава, по која бескрајно ламентираме, кај нас профункционирала!“

Татиниот математичар, „дипломатските победи“ и неодговорените прашања е денешниот рафал на Дерала. „Мицкоски полека прераснува во пример како не треба да се води кампања. Луѓето не се заинтересирани за ликови што со плачлив тон, со изразени мрачни пораки, со говори полни со јад и чемер, со негативна енергија. Позната приказна е дека криминалот, насилството, тиранијата, на крајот, пропаѓаат сами од себе“, пишува тој.

„Во атмосферата која во земјава владееше после потпишувањето на Преспанскиот договор а во рамки на договорот за референдумските услови за промени на името на земјата, на 27 јули лани премиерот Заев, во име на лидерите на четирите политички партии што учествуваа во тој, еден вид на обновен пржински процес, за претставниците на медиумите изјави дека се прифаќаат сите услови на Христијан Мицкоски за изборот на ДИК. Имаше и договор околу финансирање со вклучени предлози на опозицијата. „Денес, го прифативме и барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се направат законски измени кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува секои парламентарни избори, со формат идентичен на пржинскиот“. Медиумите во сите тие разговори не се споменаа“, пишува Љубомир Костовски во денешната колумна Потребна е голема наивност да се исклучат медиумите од фер изборен процес.

Маја Ивановска
во соработка со: Дијана Тахири, Ангела Петровска, Сашо Орданоски, Џабир Дерала, Љубомир Костовски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ