• Latest

Промовирана монографијата „Сведоштва од претседателскиот кабинет“

November 21, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Промовирана монографијата „Сведоштва од претседателскиот кабинет“

November 21, 2019 08:57
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сведоштва од претседателскиот кабинет: моќта на трпението“ е насловот на публикацијата од авторот Дарко Костадиновски, која вечерва беше промовирана во Скопје, а која ги содржи неговите лични забелешки и воедно дава преглед на мноштвото предизвици со кои се соочуваше нашата држава и општество во временски период од 18 годин кои тој ги помина како советник во кабинетите на тројца македонски претседатели – Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Во присуство на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, на поранешната прва дама Вилма Трајковска, пратеници, судии, членови на дипломаткиот кор, пријатели и членовите на семејството, промотивна реч одржа францускиот амбасадор Кристиан Тимоние кој истакна дека станува збор за значаен труд, исполнет со историја, но и со верност и должност за дискреција како квалитет и доблест кои се чини дека денес се донекаде изгубени, а се основата на квалитетна дипломатија. Труд, кој, вели, ќе биде запаметен.

-Ти знаеше како да го почитуваш договореното и да не бидеш нападен, да се почувствува богатството на суштината во односите со претседателите, вреднувајќи ја нивната неуморна работа за постоењето на оваа млада земја за да биде ценета, реагирајќи со мудрост и решителност во околности кои биле решавачки. Ти беше љубопитен и мудар сведок на тие настани како Санчо Панса кон своите благородни Дон Кихоти. Но, исто така ти беше секогаш отворен и постојано добонамерен кон оние што беа само на поминување – амбасадорите, рече амбасадорот Тимоние, говорејќи од неговото лично, како што рече, пријателски искуство со Дарко.

 

Авторот Костадиновски, кој е актуелен уставен судија, на промоцијата изјави дека негова цел со оваа монографија е да остави и објективен, но и личен материјал, сведоштво за тројца македонски претседатели, пред се за себе, за семејството и неговите деца, но и за денешните и идните генерации.

-Сакав да оставам личен печат како сведок и актер во многу случувања. Многу работи во оваа монографија ќе добијат на вистинска вредност од одредена временска дистанца. Многу работи во оваа дело се значајни и денес. Зошто? Едноставно, предолг временски период гледав како ние едноставно не учиме, ниту од споствените, ниту од туѓите грешки. Место од секоја грешка, од секој предизвик ние да учиме и да излегуваме посилни, излегувавме послаби и поразединети. На сегашните генерации, особено важи за оние, кои се или сакаат да се занимаваат со политика, кои претендираат да бидат лидери, да преземат одговорност, сакам да им порачам – земете ја оваа монографија, прочитајте, не за да се продаде книгата, туку да ви служи како еден вид прирачник од кој може да извлечат поуки. Да научат никогаш да не губат, или да добиваат или да учат. Да научат нешто многу важно, моќтта на трпението, вели Костадиновски.

 

На промоцијата беа прочитани и поздрави писма по повод изданието од евроамбасадорот Самуел Жбогар, од италијанскиот амбасадор Карло Ромео и од Ровшан Мурадов, генералниот секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ кој го поддржа издавањето на оваа книга.

Мемоарско-монографскиот ракопис на Костадиновски е во издание на книгоиздателството „Култура“. Публикацијатата, збогатена со фотозаписи, е објавена на македонски и на англиски јазик.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ