• Latest

Забегана работа

November 25, 2019

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Забегана работа

На јавноста ѝ се обраќа соработник на децениски режим. На партија која како никогаш досега да не била на власт. Висок функционер на партија која во овие 28 години независност што тој во писмото ги проколнува, како да не владеела цели 16. Ни се обраќа сведок и соучесник во тоталитарното владеење кое земјава и каузата ја водеа во бездна.

November 25, 2019 11:39
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Пазете, отворено писмо. До јавноста, до македонските граѓани. Отворено писмо. Ни срам ни перде. Отворено писмо на вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ. На партискиот генерален секретар Игор Јанушев. Барем да беше тој некој што јавноста не го знае. Од некоја нова партија во доаѓање, на пример. Од некоја политичка средина досега неизвалкана со власт па да напише што напишал.

На јавноста ѝ се обраќа соработник на децениски режим. На партија која како никогаш досега да не била на власт. Висок функционер на партија која во овие 28 години независност што тој во писмото ги проколнува, како да не владеела цели 16. Ни се обраќа сведок и соучесник во тоталитарното владеење кое земјава и каузата ја водеа во бездна. Актер во режим кој цела деценија татковината ја движеше во спротивна насока од интеграциите. Човек од доверба на партиската елита која изборните пљачки ги унапреди во изборно разбојништво. Вториот човек на партијата која до вчера местеше апсења и судски процеси. Која промовираше насилија, удираше шамари, минираше одмазднички. Која сечеше безмилосно и која градеше на сила. Која партизираше сѐ. Oд работно место до куќен совет. Од најмалите медиуми до највисоките институции.

И сега, отворено писмо. Државата одела во погрешна насока. НАТО и ЕУ биле погрешната насока. По деценискиот режим одеднаш амнезија. Ништо не било. Ништо не се случило. Не биле на власт. Актерите на режимот исчезнале. Како ништо да не слушнавме во бомбите. Како да не знаеме кои се, какви се и што сѐ ѝ сторија на земјата и на каузата. А ене ги во парламентот заедно со него истите тие ликови на режимот. Уште матат. Фрлаат прав в очи. Сѐ да заборавиме. Пак да дошле на власт.

Сега сме пропаѓале. Сега кога тргнаа интеграциите.  Што си мислат, дека од Марс сме паднати па ништо од нивното ниту сме виделе, ниту сме чуле, ниту сме запомниле. Генералниот секретар му ги врти и коските на великиот Горан. Ама од него не разбрал ништо за македонското дупло дно. И не можел зашто посветено го креираа тој и неговите. Некој оттаму нека му каже на генералниот дека пропаѓавме со него и неговите кога бевме сред пресата на дуплото дно. Кога цапавме в кал по сите теми во сите извештаи на ЕУ. Тогаш.

Обнова ѝ треба на неговата партија, не на државата. Таа се опоравува. Бавно и уште коруптивно, ама сепак се врти. А тој во писмото се заканува и тагува за назад. Ја потврдува партиската политика против НАТО и против ЕУ. Овој пат отворено и написмено. Државата одела во погрешен правец. Во НАТО и во ЕУ. Во погрешен. Баш во погрешен. И за каузата. Тој бранител на каузата. Тешко на каузата. Тие и каузата.

Сега, по ова, ќе му треба уште едно отворено писмо во кое ќе посочи и ќе појасни каде тоа со нив, во која насока ќе ја водат државата? Во кој не погрешен, во кој исправен правец? Во Будимпешта ли или каде? Ајде нека напише па да го прочитаме и тоа чудо. Кратко, јасно, директно, прецизно без паушали како со ова првово.

Без сонливо нашкрабани манипулации и со барем трошка скрупули. Вака, забегана работа.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумното) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. Овие правила важат за сите, без оглед на тоа од каде е преземена содржината што оригинално е објавена на медиумкста платформа на ЦИВИЛ.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ