ВЕСТ НА ДЕНОТ: Земјотрес во Албанија
Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 16 лица, од кои најмалку две се деца, јавија локалните медиуми. На најмалку 600 лица им била укажана лекарска помош во здравствените установи. Агенцијата, исто така, пренесе дека досега, од под урнатините се спасени најмалку 28 лица во Туман и Драч, но има и извештаи за значителен број на луѓе кои остануваат заробени во урнатините под остатоците од зградите во тие области. Епицентар на потресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.
Помош за настраданите во земјотресот пристигнаа и од регионот и од другите европски земји. Владата на РСМ одвои првична финансиска помош од 6 милиони денари, додека Град Скопје испрати две екипи од четворица пожарникари, а втората екипа е од двајца луѓе кои ќе снимаат на лице место со термален дрон и камери.
„Со длабоко жалење ја примив веста за земјотресот кој предизвика вистинска трагедија во Република Албанија и длабоко жалам за загубените животи и огромните штети од оваа ужасна природна катастрофа“, изјави претседателот Стево Пендаровски, а сочувство изразија и премерот Зоран Заев, министеро за надворешни работи Никола Димитров, како и други високи државни претставници.
Црвен крст на РСМ објави телефони и сметки за донации: 070/075/077 143 400 како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966 каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.
Дендиас во Скопје
Министер за надворешни работи на Република Грција, Никос Дендиас денеска беше во Скопје каде се сретна со претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
На средбите се истакна поддршката на Грција за евроинтеграциите на Северна Македонија, подбрувањето на блиатералната соработка и еконмскиот и бизнис развој на двете земји.
Тимоние: Никој не треба да ги оспорува намерите на Франција за интегрирање на Западен Балкна во ЕУ
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции истакна дека никој не треба да ги оспорува намерите на Франција за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, затоа што „намерите на Париз се заедно да успееме“. Она што се случи во октомври со недобивањето датум, според него не е историска грешка, туку е историска шанса споредено со претходниот систем за проширување.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Просветниот инспекторат извршил надзор по пријава дека тројца ученици малтретирале цимер во Кавадарци, по што МВР поднела кривична пријава до ОЈО
Министерството за правда врши анализа на претставките на граѓаните за работата на извршителите и нотарите кои денеска протестираа пред Министерството
На 27 и 28 ноември, 2019 година, во хотел Холидеј Ин, Скопје, со почеток од 09:30 часот, а во
организација на Фондацијата Метаморфозис, ќе се одржи 15та Меѓународна Конференција ESociety.mk – Отворени институции и отчетност.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се обрати на настанот во рамки на ЦЕЕПУС мрежата за социјална работа и социјална политика “Регионална недела“ кој од 25-29 ноември се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје. Таа истакна дека со социјалната реформа се зголемува социјалната помош за три пати, а платите на социјалните работници за 26%
МИСЛА
Аматери хулигани, ни зградата не ја запалиле!, пишува Сашо Орданоски: Во периодот кога „човечкиот капитал“ е во центарот на политичката преокупација на власта, некаква фудбалска навивачка група од Чаир прославувала некаков јубилеј, при што, во навивачкиот занес на кој потклекнале, нанела штета врз скапиот ентериерен кичерај на МНТ.
Биљана Јордановска
во соработка со Маја Ивановска, Дијана Тахири и Сашо Орданоски