• Latest

Каранфилова Пановска: Моменталниот предизвик на граѓанското општество е меѓусебната солидарност

December 1, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Каранфилова Пановска: Моменталниот предизвик на граѓанското општество е меѓусебната солидарност

December 1, 2019 13:32
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фани Каранфилова Пановска, од Фондација Отворено општество Македонија, на конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, како дел од одбележувањето на 20 годишнината на ЦИВИЛ, истакна колку е важна солидарноста меѓу граѓанските организации, постигнувањата и предизвиците.

„ЦИВИЛ е еден од оние партнери кои што со Фондацијата, не само грантисти туку и партнери во многу битки и борби опстојала или заедно сме ги извојувале или сме ги изгубиле и имаме нешто подолго паметење и соработка, токму 20 –тина години.

Размислував на темата „Меѓу стремежите и реалноста“ и тука на листа на стремежи во однос на граѓанското општество имаше многу работи, на  листата на реалноста исто така, затоа ќе се префрлам на постигнувањата, предизвиците и перспективите.

Граѓанското општество во целина, не само невладините организации, во изминатите 20 години покажаа една сериозна зрелост, агилност и посветеност во тоа што е нивна автохтона мисија и визија и тоа го покажаа во неколку клучни и критични развојни точки од нашата држава.

Ќе почнам од сериозноста, гласот и разумот за време на кризата во 2001 година. Преку сета битка единствениот, ако не и единствен, редок глас за време на режимот во 11-те години. Како главен носечки столб во уривањето на сè она што значеше корумпирано и недемократско владеење. Како актер кој што беше државен непријател број еден и како таков прогонуван и прогонуван заради тоа во некој кој што успеа да се наметна како посакуван и еднаков на власта во креирањето на политиките.

Доаѓам до предизвиците бидејќи до тука сме стасани со постигнувањата. Точно е дека изминативе две години се многу различни од претходните 11 години. Тоа не можеше, а да не влијае на граѓанските организации. Клучниот предизвик со кој се соочија граѓанските организации беше со отворање на вратите на институциите и нивната покана да учествуваат реално и активно во процесите на креирање на политики. Требаше да направат еден шифт од на што значи борба, залагање и застапување на улица, што траеше прилично долго, во седнување на маса со институциите и знаења потребни да се разговара од таа перспектива.

Не велам дека ги немаме, ги имаме, успеавме да се наметнеме, тоа едно од постигнувањата. Би рекла дека дваесетина клучни законски и стратешки документи се иновирани со решенија и залагања на граѓанските организации.. Законот за антикорупција, за антидискриминација, слободен пристап од информации од јавен карактер, стратегиите за реформи во правосудството… да ќе кажете тоа се стратешки документи, glossy papers,  но ако ја погледнете содржината ќе видите дека го отсликува тоа за што сме се бореле изминативе 15 години тоа јас го сметам за исклучителен успех.

Вториот предизвик со кој се соочуваме во моментот е градење на сериозни врски на солидарност, вмрежувања, а со тоа и поголема гласност и тогаш кога зборуваме внатре во институциите, но особено кога зборуваме надвор од институциите.

Кога размислував за тоа кога бевме најсилни и најсплотени, практично кога ни беше најтешко. Тогаш кога бевме во неизвесност како ќе се разбудиме следното утро. Дали во својот дом или некаде на друго место. Тогаш пркосот бунтот, солидарноста, без разлика на разликите по различни основи беше најголема.

Сега се прашувам, ни треба ли нова, таква, закана за да смогнеме сили да обезбедиме таква мобилизација и солидарност?“

обработка на текст и монтажа: Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Кирил Михаилов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ