• Latest
Илуустрација: „Војна“ - Мирослав Стојановиќ - Шуки (фрагмент, диптих, комбинирани техники)

Неуспешно склопени идеолошки кукли

December 9, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Неуспешно склопени идеолошки кукли

Нема ништо прогресивно во тие суштества. Нема ништо прогресивно во нивното однесување. Има само лага. И манијакалност. Нема ништо интелектуално во нивното опсесивно редење зборови. Обични, налудничави, квази интелектуални, чукнати... Евтини курви. Кога човек мисли на нив, кога зборува или пишува за нив, нема поинаков вокабулар што може да ги опише, освен да се сведе на улично ниво.

December 9, 2019 11:52
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Илуустрација: „Војна“ - Мирослав Стојановиќ - Шуки (фрагмент, диптих, комбинирани техники)

Илуустрација: „Војна“ - Мирослав Стојановиќ - Шуки (фрагмент, диптих, комбинирани техники)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Со евтини трикови, измама, простотилак и омраза ги градат своите кариери. Со гнасотии и насилништво се пробиваат до светлината под рефлекторите. Тие неморални креатури, кловнови во обид, без талент и без душа…

Со мало гребнување под површината на оваа гротеска од човеколики суштества, ќе се најде еден ужасен, неподнослив, квази интелектуален пувеж. Тие немаат со што да се пофалат, ама баш со ништо во животот. Зад нивната скромност и излитени пароли стои само бескрајна лакомост да се стекнат со лично богатство.

Паразити што немаат оставено ништо вредно зад себе, бескарактерни кускулиња, без трошка срам. Како изгладнети стаорци, грабаат сѐ што ќе им се најде на патот. Тоа се тие. Безвредна, заборавена периферија на општествените текови и случувања, далеку од светот, квази политички зомбија.

Квази интелектуалци и квази луѓе, без компас, тие беа и останаа само неугледни ментални парталковци. Интелектуално инфериорни ситни апаши, кои дрско им го крадат времето на младите. Во замена за нивното внимание, во нивните наивни души оставаат купишта интелектуален и морален измет, тотална конфузија и бесмислици. Преполни со цитати што не ги разбираат, но доволно препредени да ги употребат таму каде што ќе им појде од рака да манипулираат. Читано – недочитано, разбрано – недоразбрано, а секако злоупотребено и извитоперено… Тоа е нивниот „интелектуализам“ под дебели наводници.

Неуспешно склопени идеолошки кукли.

Не заслужуваат човек ни да помисли, камоли да пишува за нив. Од друга страна, тие прикриени неофашистички вреќи со гомна, невешто маскирани зад прогресивни политички правци, се илустрација за тоа како работат организираните криминално-политички банди на кои овие им се потрчковци. Како и да сака човек да ги дефинира, сигурно тоа ќе биде сосема спротивно на прогресивните идеи.

И никако да мрднат од смрдливото идеолошко мочуриште на нивните националистички ѓубриња од газди. Тие се само уште шрафче од машинеријата која вредно работи против јавниот интерес и националните интереси. Тоа е таа мизерна банда, што гази по човековите права и слободи, го разгорува национализмот и повикува на раздор и насилство. Злоупотребувајќи ги големите идеи на човештвото!

Нема ништо прогресивно во тие суштества. Нема ништо прогресивно во нивното однесување. Има само лага. И манијакалност. Нема ништо интелектуално во нивното опсесивно редење зборови. Обични, налудничави, квази интелектуални, чукнати… Евтини курви. Кога човек мисли на нив, кога зборува или пишува за нив, нема поинаков вокабулар што може да ги опише, освен да се сведе на улично ниво.

Смешни се. Ако воопшто бидат запаметени по нешто, тоа ќе биде по карикатуралноста на сѐ што претставуваат, почнувајќи од нивните слогани и јавни настапи, завршувајќи со нивните души.

Кој ги следи, мора да е политички неписмен глупак или само наивен очајник. И нивните најблиски го разбраа сево ова и ги напуштија одамна. Паметно.

 


Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ