• Latest

17 декември: Искази за истраги, регистрирање на професионални портали, марш на сексуалните работници

December 17, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

17 декември: Искази за истраги, регистрирање на професионални портали, марш на сексуалните работници

December 17, 2019 16:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Ременски: Јас никогаш не молчам за ништо

Пратеничката Фросина Ременски денеска пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде треба да даде исказ за истрагата во врска со случајот „Меѓународен сојуз“.

„Јас никогаш не молчам за ништо“, рече Ременски при влегувањето во Обвинителството.

Ременски вчера по излегувањето од Обвинителството, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за овој случај, рече дека видела сè, освен докази.

„Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство“, рече Ременски одговарајќи на новинарско прашање.

ЗНМ и СЕЕМ утре ќе го објават регистарот на професионални портали

Со задоцнување од неполн месец, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите утре ќе го презентираат регистарот на професионални онлајн медиуми. Во овој процес, се вклучи и Стопанската комора на Македонија.

“Постапката се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и новинарската, медиумската и бизнис заедницата во државата. Целта на соработката со Стопанската комора е преку изработката на регистерот да се олесни пристапот до реклами на бизнис заедницата во професионални онлајн медиуми, наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди#, се вели во заедничкото соопштение.

Спорниот учебник по социологија ќе биде повлечен, изменет и препечатен, велат од МОН

Министерството за образование и наука ќе прави измени во учебникот по социологија за втора година средно образование, кој вчера и денеска предизвика лавина реакции во јавноста. Станува збор за содржина која ја дискриминира жената, односно тврди дека ако жената е затворена дома, таа нема можност да прави кривични дела, пренесува МЕТА.

Планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците го содржи и овој учебник по социологија и до почетокот на учебната 2020/2021 година неговата содржина ќе биде соодветно измената,а по повторното печатење учебникот ќе биде дистрибуиран до училиштата, информираат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН).

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Најголемиот број претставки и најголемите можности за корупција има кај социјалната заштита, барањата за инвалидски пензии и посвојувањата, нагласи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешниот форум на кој се говореше за тоа дали и како се пријавува корупцијата во институциите, ефектите и резултатите.

– Откако претходно Комисијата за избори и именувања го поништи огласот за нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Собранието пред 5 дена донесе одлука за објавување на нов. При изборот на составот на Комисијата, четири члена се избираат со мандат од пет години, а три члена со мандат од три години со право на повторен избор.

– Да прекине блокирањето на сметките, тоа не е законски и уставно и е спротивно на Декларацијата за човекови права. Сите закони кои сега ќе ги донесат надлежните треба да бидат ретроактивни да не важат од сега натаму, туку да важат наназад. Треба да има ветинг за извршителите, побараа денеска од неформалната организација „Стоп за извршителите“, која  пред Министерството за правда организираше мирен протест против Законот за извршување.

– Владата на седница донесе Одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на рудник за бакар и злато на локалитетот „село Иловица”, во општина Босилово.

– Можни коалции и преговори се водат меѓу Алијанса за Албанците со Движењето Беса и Алтернатива, истакна портпарлот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети по денешната партиска прес-конфренција. Одговорајќи на новинарско прашање вели дека и самите се уверени во победа, но, сакаат поуверлив исход на изборите.

– Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР денеска по 12 пат го организираше традиционалниот Марш на црвени чадори, во Скопје, во рамки на кампањата за одбележување на 17 декември – Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

– Пратеничката и потпретседател на Собранието , Фросина Ременски, по давањето на исказ во ОЈО за случајот Рекет, рече дека добила решение дека истрагата за неа е завршена.

МИСЛА

Две општества за сите!

„Што е тоа „важна одлука“ и кого и како тоа го претставува „албанската страна“ – е бесмислениот националистички политички „ластик“ што ДУИ планира да го „тегне“ за време на предизборната кампања. Зошто? Па, бидејќи ДУИ, како и другите албански националистички партиски формации, си ги бараат сите гласови на етничките албански граѓани во државава за себе: Колку се, толку се, наши се!“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна.

Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ