• Latest

18 декември: Одговорноста на судиите, откажана седница за ИЗ, обраќање, регистар на професионални онлајн медиуми…

December 18, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

18 декември: Одговорноста на судиите, откажана седница за ИЗ, обраќање, регистар на професионални онлајн медиуми…

December 18, 2019 16:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Заев го повикува Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите

Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук го повика Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на некои предмети.

– Ајде кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?, наведува Заев во објавата.

Тој натаму потенцира дека нема да има компромис со криминалот.

– Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!, додава премиерот во објавата на Фејсбук.

Откажана седницата за Изборниот законик, се чека преводот на поднесените 5.899 амандмани

Откажана е денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да почне амандманската расправа за Предлог-измените на Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, во Собранието изјави дека амандманската расправа не може да почне, бидејќи не се преведени сите амандмани поднесени на Предлог-законот.

Тој информира дека досега се преведени и ставени во електронскиот систем 3.734 амандмани од вкупно поднесените 5.899. Нагласи дека ќе ги чека службите до крајот на следната недела, па ќе закаже седница за да може да почне амандманската расправа во Комисијата за политички систем.

МТСП: На работниците да не им се кратат трошоците, регулирани со колективен договор, или договор за вработување

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работниците и работодавачите да водат социјален дијалог за сите прашања поврзани со остварувањето на работничките права. Апелираме до работодавачите, доколу правата на трошоци за превоз и храна се регулирани со колективни договори, или со договори за вработување, да не им ги кратат на работниците овие права, бидејќи тоа е спротивно на Законот.

Законот за работните односи предвидува, односно дава можност работодавачот на свој трошок на работниците да може да им организира превоз до работа и од работа како и исхрана за време на работа. Трошокот за исхрана може да изнесува најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошокот за превоз во висина на остварните трошоци во јавниот превоз. Трошоците за храна и превоз се предмет на договор во колективните договори и за истото треба да се договарaат работниците и работодавачите, или да се уредат со договорите за вработување.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Онлајн медиумите civilmedia.mk, greencivil.mk, clp.mk, drejt.mk, како дел од медумската платформа на ЦИВИЛ, frontline.mk и уште 62 други онлајн медиуми влегоа во професионалниот регистар што го изработија Советот за етика во медиумите и Здружението на новинари во соработка со Стопанската комора на Македонија.

– Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати во Собранието на Република Северна Македонија.

– Мерџан Даути, адвокат на обвинетата Елизабета Најдовска користејќи го законското право да збори на мајчин Албански јазик побара од судскиот совет во процесот „Т.Н.Т“ да има можност од судот во текот судењето да се употребува Албанскиот јазик и сите докази во овој предмет да му бидат предадени преведени на неговиот мајчин јазик.

– Работата на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања не е прекината, како што тврди претседавачот на бугарскиот тим Ангел Димитров, туку привремено паузира поради престојните избори во земјава, велат за МИА од македонскиот дел од комисијата.

– Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска соопшти дека Владата ја усвоила иницијативата на Министерството за престанок на набавки на пластика за еднократна употреба и пластична амбалажа од страна на државните институции, која ќе стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

– Со новиот закон за легализација на дивоградби што влезе во собраниска процедура, во рамки на Охридскиот регион ќе можат да се легализираат само оние објекти што претставуваат функционална целина до 1 октомври годинава и кои според студиите за оцена на влијанијата врз животната средина и врз културното наследство не ги загрозуваат универзалните вредности согласно препораките на УНЕСКО, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Собранието попладнево го изгласа Законот за данок на моторни возила со кој се предвидува промена во системот на оданочување на моторните возила.

МИСЛА

„Експрес лонецот“ на македонските скандали

„Не е случајно што луѓето се подготвени да се степаат и за дебата на локален ДУП. Ако тоа не е партиско-политички инспирирано, како што веднаш сугерираа некои, тогаш е поразително на едно повисоко ниво. Намерно да се одржува оваа атмосфера во која никој никому ништо не му верува, за политичките партии и партиските функционери може да е прашање на политичка „стратегија“ за останување или повторно освојување на власта, но тоа се претвори во општествена состојба на конфликт на секој со секого. Сè е афера, сè е скандал, од паркирање на улица, до приватен или државен работен ангажман, од упис на дете во градинка, до купување лек во аптека…“, пишува Сашо Орданоски.

Верни до гроб

„За ДУИ и за „кариерата“ на Али Ахмети има многу непознаници. Сепак од она (малку) што го знаеме за него, се поставува големо и сериозно прашање: Како може на политичката и јавната сцена да се издигне и толку долго да доминира на една политичка партија чии водечки фигури ги придружуваат неброени скандали, криминал и секаков вид контроверзии?“, пишува Џабир Дерала.

Ангела Петровска, во соработка со Диана Тахири, Билјана Јордановска, Сашо Орданоски и Џабир Дерала

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ