• Latest

Скандалот се продлабочува, Мицкоски бега од избори, а партиските лампиони се избламираа

December 29, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Скандалот се продлабочува, Мицкоски бега од избори, а партиските лампиони се избламираа

Изјавата дека предлогот за активен, униформиран армиски полковник да биде министер за внатрешни е кршење на Уставот и дека е преседан, но дека такви преседани имало и порано е катастрофална. И тепањето пратеници во 2012 година и крвав напад со обид за политички убиства во 2017 година (што се врзуваат со нејзината партија) се преседани! Тоа значи дека може да се толерираат?! Неверојатна изјава!

December 29, 2019 12:39
in ИЗБОРИ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски и партијата му продолжуваат да ја скандализираат јавноста со своето однесување, најверојатно во обид да ги одложат изборите, а да не понесат политичка одговорност за тоа. Тој донесе предлог за технички министер за внатрешни работи со кој се кршат Уставот (член 97) и уште најмалку два закони (за внатрешни работи и за служба во армијата). Полковникот кој во кариерата напредуваше во времето на вмровскиот претседател Иванов, сега беше предложен за министер за внатрешни работи во 100-те дена техничка влада. Тоа е онаа одредба од Договорот за надминување на политичката криза што во случајот со СДСМ траеше само 45 дена (да не се заборави!). И?

Од сите експертски лампиони и петарди собрани како венец од меури во буре со лоша ракија, најодважна излезе Гордана Силјановска Давкова, универзитетска професорка што држи едно чудо предмети на Правниот факултет, вклучувајќи го и уставното. Од збор до збор, сѐ што изјави во вечерните часови, само го закопуваше вемерето и го продлабочи скандалот.

Прво, од изјавите на Гога-Јога, како што ја нарекуваат нагалено, ни открива дека не била консултирана. Што значи тоа? Дека е лампион, само светка во мракот, како и сите други „велики“ имиња собрани околу вемеровскиот врв.

Гога-Јога го закопува предлогот на Жмицко со тоа што самата признава дека предлогот полковник Ковачки за министер за внатрешни е спротивен на Уставот, токму по членот за кој пишувавме неколку часа пред нејзината несреќна изјава. Се разбира, верна на позициите на кои стои, во продолжение од својата изјава, Гога-Јога раскажува басни за тоа дека тоа, иако е преседан, такви случаи имало и порано. Па ги наведе Силјан Аврамовски, Митко Чавков и актуелниот заменик-министер за одбрана Беким Максути. Мнооогу проблематична изјава, посебно од некој што се продава за универзитетски професор.

Изјавата дека предлогот за активен, униформиран армиски полковник да биде министер за внатрешни е кршење на Уставот и дека е преседан, но дека такви преседани имало и порано е катастрофална. И тепањето пратеници во 2012 година и крвав напад со обид за политички убиства во 2017 година (што се врзуваат со нејзината партија) се преседани! Тоа значи дека може да се толерираат?! Неверојатна изјава!

И тука не е крајот на тоталната утка во обидот на Гога-Јога да си ја одбрани партијата во која очигледно служи само како лампион. Законот за полиција, кој е во согласност со Уставот, прави разлика меѓу униформирани и неуниформирани припадници на полицијата. Забраната да бидат избирани за министри за внатрешни и за одбрана важи за униформираните припадници, односно треба да бидат најмалку три години во „цивилка“ пред изборот за министри. Заменикот-министер Максути, пак, бил на работно место како цивил, не како униформирани лице, три години пред да стане заменик. Можно ли е да не го знае ова великата професорка, поразената вмровска кандидатка за претседателската функција? Кој и да е одговорот на ова прашање, не говори ништо добро, ниту за неа, ниту за партијата ѝ.

Со овој скандал се открива уште една димензија на овој обид за „диверзија“ во формирањето на техничка влада. Станува очигледно дека Мицкоски и партијата му се нервозни и несигурни. Затоа, се трудат да го осуетат процесот и да ги одложат изборите. Тоа го покажаа повеќе пати досега, а со овој скандал само дополнително се разобличија самите себе си.

Бегаше од брзи избори, цивкаше на лидерската средба кај Пендаровски на 20 октомври, му се додворуваше на премиерот Заев, делејќи му комплименти дека е храбар и одговорен, за потоа да измоли избори во април 2020, наместо во декември 2019. Сега и тоа му е многу брзо, откако се соочи со фактот дека, сепак, не е толку добар математичар. Неговата „армадила“ (негов измислен термин) од лампиони меѓу професор(к)ите и медиумите, а ниту парите на „кукавицата“ (назив од Гоца Шлем за Грујо) не му се од помош, а очигледно е дека не ги ни слуша.

Од овој скандал може да ги спаси само искрено повлекување во длабока сенка и почеток на внатрепартиски реформи. Симнувањето на кичерајските слики од Грујо од ѕидовите на Шампитата (седиштето) не е доволно. Ни оддалеку. А бидејќи нема шанси да се случи тоа, можеме да очекуваме само уште скандали, а веројатно и насилство. Нека ни е со среќа.

(to be continued)

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ